Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
2Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветЕксплодира брод на Дунав, има загинати Три лица загинале во експлозија на брод на Дунав.Трагедијата се случила на 23 јули доцна навечер на устието на Дунав во Црното Море во регионот Одеса. Според извештаите, на бродот се работело кога се случила експлозијата, а загинале работници од Управата за поморски пристаништа на Украина. „На 23 јули, доцна навечер, се случила вонредна состојба со брод што припаѓал на подружницата Делта-Пилот“, се вели во соопштението на Управата. Како што наведоа, бродот бил на устието на реката за да изврши планирана работа, со 11 членови на екипажот. Во овој момент не е познато што ја предизвикало експлозијата. Тројца работници починале на самото место, додека другите биле однесени во болница, а степенот на нивните повреди е непознат. Надлежните служби веднаш излегле на местото на настанот за да спроведат истрага со цел да се утврдат сите околности на трагедијата. Се чека извештајот од истрагата. Управата за поморски пристаништа на Украина изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и вети дека ќе им ја обезбеди, како и на повредените, целата потребна поддршка. Како што наведоа, поморскиот пристапен канал до устието Бистра е привремено затворен за бродски сообраќај.Тагови: брод Дунав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди областа во близина на ПизаЗемјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца. Засега нема извештаи за повредени или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерствоЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји. Со почит, Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter