Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
2Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
БалканЕксплодира авионска бомба во Јадранското Море (ВИДЕО)Вчера, во заливот Лука на островот Корчула во Хрватска успешно беше отстранета и уништена авионска бомба останата од Втората светска војна. Акцијата ја извршија полициски нуркачи од Интервентната единица на полицијата од Дубровник, со помош на колега од Регионалната антиексплозивна единица Сплит, соопшти полицијата Дубровник-Неретва. Станува збор за авионска бомба со тежина од околу 80 килограми. Поради нејзините специфични својства и локација, не беше можно безбедно да се уништи со контролирана експлозија на местото на откривање во Јадранското Море. Затоа, полициските нуркачи мораа безбедно да ја преместат бомбата на отворено море, каде што на крајот беше уништена. Акцијата започна во понеделник наутро околу 8 часот. Во текот на нејзиното траење, пристапот до заливот беше строго ограничен и од копнена и од морска страна. Полицијата соопшти дека се преземени сите потребни мерки за заштита на животите и имотот на граѓаните во сите фази од оваа тешка постапка. @rtl_danas_ Kakva snimka! Video: PU Dubrovačko-neretvanska #rtldanas #korcula #bomba #nethr ♬ original sound - RTL Danas Администрацијата на полицијата Дубровник-Неретва им се заблагодари на граѓаните за нивната соработка, трпение и строго почитување на безбедносните мерки и ограничувања за време на операцијата.Тагови: Бомба Јадранското Море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“Во Охрид денеска е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.На отворањето присуствува премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 метри квадратни на 700 метри квадратни, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа и паркинг за вработените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаОрден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор ЧемерскиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев. Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДва бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“. 💥 Νύχτα τρόμου στο κέντρο της Αθήνας – Δύο εκρήξεις μέσα σε λίγα λεπτά Συναγερμός σήμανε τα ξημερώματα μετά από επιθέσεις σε δύο καταστήματα σε Ομόνοια και πλατεία Αμερικής. Στην πρώτη περίπτωση, άγνωστος έσπασε την τζαμαρία καφετέριας στην Αχαρνών και στη συνέχεια πέταξε… pic.twitter.com/COuvqV0efM — in.gr/news (@in_gr) September 8, 2026 Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец. Μπαράζ επιθέσεων σε καταστήματα στο κέντρο της Αθήνας: «Γυαλιά καρφιά» έγινε η τζαμαρία καφέ - Άγνωστος την έσπασε με μεταλλικό φρεάτιο και μετά έριξε εκρηκτικό μηχανισμό Βίντεο: Γιάννης Κέμμος pic.twitter.com/rbqZNqHMvC — Flash.gr (@flashgrofficial) September 8, 2026 Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook