Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаЕкспертската јавност со критики по одлуката на Советот на ЈО за Државен обвинител Негативни критики кај експертската јавност по одлуката на Советот на јавните обвинители да даде позитивно мислење само за обвинителот Љупчо Коцевски како еден од тројцата кандидати за нов државен јавен обвинител. Професорот Гордан Калаџиев за Канал 5 коментира дека не се извлечени поуки од изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал, а за Коцевски смета дека е кандидат кој не е познат во јавност по својата работа, туку во како што вели, политичката егзекуција на Вилма Русковска како претседател на Дисциплинската комисија во обвинителството. -Ние за пониските јавни обвинители не мора да знаеме многу. Меѓутоа за државниот обвинител којшто треба да биде креатор на некои нови политики, мораме на некој начин, условно кажано, да побараме некоја програма или визија и да видиме за кого се работи. Второ, да беше барем човекот познат, нешто да напишал, да се истакнал. Значи јас го познавам, со оглед на тоа дека сум го сретнал овде онде, меѓутоа јас не сум го чул да гукне. Јас во оваа работа сум повеќе од 30 години. Така што очекувам Јавен обвинител да биде некој што ќе отвори нова страница во правосудството, изјави – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор. Уште попроблематичен, вели Калајџиев, е начинот на кој Советот само за обвинителот Коцевски даде позитивно мислење без притоа јавноста и медиумите да се соочат со него и одлуката да се донесе зад затворени врати. Но смета дека се уште има простор да се поправи направеното. -Решаваат на затворени седници како некоја каста. Немам зборови, мислам дека ситуацијата е многу сериозна и мора нешто многу да се промени. Очекувам дека пратениците ќе примат некои пораки овој избор да се одложи. Фала Богу заменичката што е в.д извршител по мое мислење е солиден кандидат за вршење на в.д функцијата и мислам дека нема да има некои големи пречки, ако се подразвлече изборот се со цел да се изврши потранспарентен избор и со подобри кандидати, изјави – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор. Трката запре за двете обвинителки Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи. Раичевиќ според дел од членовите на Советот не би можела да се носи со таа позиција, а Фетаи беше дисквалификувана оти немала потврда за деловна способност.. Таа смета дека ова е избрзана одлука и побара да биде преиспитана, бидејќи Собранието немало забелешки за докумнтацијата, а дека ги исполнува општите услови се потврдило со нејзиниот избор за Виш обвинител.. Сепак, во краток телефонски разговор, претседателката на Советот на ЈО, Душица Димитриеска ни кажа дека одлуката е едногласна и нема што повеќе да додаде... Сега, процедурата продолжува во Влада. Таму се уште не го добиле мислењето од Советот на јавните обвинители, а откако ќе го добијат, ќе се најде на дневен ред на седница, најверојатно по празниците. Доколку помине, последниот филтер ќе биде Собранието.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефонМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски. Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон. Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците. „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски. Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата. Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVoТагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институцииПрипадници на одделот за сузбивање на организиран криминал при бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе локации и привеле повеќе лица.Според неофицијалните информации, реализацијата на случајот била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Се истражува дали преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани, а потоа и пренасочувани парични средства. во истрагата, неофицијално, се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а дел од осомничените наводно се вработени и во државни претпријатија. Првичните информации се дека штетата се проценува на повеќе од 13 милиони денари, односно над 210.000 евра. Акцијата и утрово сè уште е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за бројот на приведени, сомневањата за конкретните кривични дела и опфатот на истрагата.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Земање нови кредити за враќање на стари долгови, а зборуваат за раст? Каква лага на МицкоскиМицкоски денеска повторно ја повторува истата приказна: „Сите задолжувања се за проекти, за враќање стари долгови, еврообврзници.“Додека зборува за раст на БДП од 3,5 до 4 проценти, реалноста е сосем поинаква. По унгарскиот кредит во октомври 2024 година, јавниот долг се зголеми на 61,4 % од БДП. Со новото задолжување од 4 милијарди евра, 2026 година ќе заврши со 12 милијарди евра долг - над 65 % дури и од БДП. Во официјалните податоци за јавниот долг ги кријат над 350 милиони евра кредити кон ЈПДП кои се гарантирани од Владата. Во последниот ребаланс воопшто не стои новото задолжување од 1,3 милијарди евра. Министерката Кочовска треба да знае дека со тоа се крши Законот за буџет а за тоа следува затвор! Ова не е одговорна политика. Ова е шема: се земаат нови кредити за да се платат старите, додека парите од буџетот одат во партиски тендери, а граѓаните остануваат без резултати. Раст без одржливи финансии е само бројка на хартија. Долгот расте, каматите се 350 милиони евра годишно, а приказните за „проекти и враќање стари долгови“ се само покритие. СДСМ бара целосна транспарентност на сите задолжувања, вклучувајќи ги и гаранциите кон ЈПДП, и итно усогласување со Законот за буџет. Доволно лаги. Доволно задолжување на грбот на генерациите. Ако каматите на долговите за време на претходната влада изнесувале околу 120 милиони евра, а денес се искачуваат на 350 милиони евра, како Мицкоски ќе го објасни тоа со приказната дека само ги враќа старите кредити? На крајот, граѓаните не живеат од статистика и политички оправдувања. Ниту една лага не платила сметка, ниту една статистика не наполнила фрижидер. Граѓаните сакаат да знаат каде одат нивните пари, колку се задолжува државата и зошто цената на долговите станува сè поголема. Вистината може да се одложува, но не може да се сокрие. Мицкоски може да ја менува статистиката и да бара оправдувања, но реалноста ја чувствува секое македонско семејство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter