Експертите за врски откриваат: Ова се петте најчести сексуални фантазии на мажите - Канал 5

Експертите за врски откриваат: Ова се петте најчести сексуални фантазии на мажите

Според советите на секс експертите ова се петте сека фантазии кои мнозинството мажи ги посакуваат:

Експертите за врски откриваат: Ова се петте најчести сексуални фантазии на мажите

Секс во тројка

Да имаат две партнерки, мажите би пробале барем еднаш во животот. Кој маж не би бил среќен во кревет да има две (или повеќе) девојки кои ќе ги исполнуваат неговите желби ?

Жена шефица

Од друга страна, постојат мажи кои фантазираат за целосната сексуална подчинетост на една жена. Најчесто ваков секс сакаат мажи на високи позиции и со високо одговорни работи. Овој вид на интимност за нив значи целосно опуштање во кое конечно некој ќе се грижи за нив, а тие не мора да размислуваат за ништо.

Доминација

Сексуалната контрола над партнерката и нејзиното целосно потчинување за некои мажи е ултимативен афродизијак бидејќи сексот целосно го прилагодуваат на себе и своите желби. Нејзините потреби не се важни. Чувството на моќ кое го добиваат во оваа ситуација е многу привлечно и кога еднаш ќе го пробаат, сакаат уште…

Секс играчка

Сексуална игра во која мажот ја препушта сета контрола на жената може да биде многу афродизијачка. Оние кои ја сакаат оваа форма на сексуално задоволство велат дека има нешто лудо во идејата дека мажот е сведен на ниво на сексуална играчка чија единствена улога е да ги задоволи сите желби на својата партнерка.

Гледање други

Дури 63% од мажите уживаат дури и при помислата да гледаат сексуален чин, дури и не мора да замислуваат да учествуваат во него, туку само да бидат близу и да сведочат за него.Секс во тројка

Да имаат две партнерки, мажите би пробале барем еднаш во животот. Кој маж не би бил среќен во кревет да има две (или повеќе) девојки кои ќе ги исполнуваат неговите желби ?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Три лица се избодени до смрт во слаткарница во јапонскиот град Мотосу, а се сомнева дека пожарот е подметнат потоа.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Инцидентот се случил вчера во слаткарницата „Sunrise“, каде што избувнал пожар околу 21 часот, објави денес „Japan Times“.

Лице на местото на настанот ја повикало полицијата, велејќи дека некој бил избоден, дека местото било испрскано со бензин и дека избувнал пожар.

Во тој момент во слаткарницата имало вкупно 11 лица, имено жена на околу 60-тите години и нејзините познаници.

Полицијата се сомнева дека еден од нив можеби бил вмешан во инцидентот.

Пожарот бил изгаснат околу три часа подоцна, а околу 300 квадратни метри од двокатната зграда со челична конструкција изгореле.

Две тела подоцна биле пронајдени на местото на настанот, соопштија локалните власти.

Трите лица биле однесени во болница, а едно од нив подоцна било потврдено како мртво.

Јапонскиот весник, исто така, објави дека слаткарницата слави 20 години работење, повикувајќи се на податоци од нејзината веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Целосна драма за Ферари на домашен терен! Шарл Леклер доживеа сериозна несреќа на Големата награда на Италија, во третиот круг од трката во Монца.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Пред тоа, Леклер имаше судир со соиграчот Луис Хамилтон на стартот, по што Британецот падна на 10-то место. Леклер продолжи да напаѓа, но набрзо следеше целосен хаос.

При излегување од кривина, тој ја изгуби контролата врз својот автомобил и силно удри во заштитната ограда. За среќа, преживеа без сериозни последици. Трката беше прекината 30 минути.

Погледнете како изгледаше сериозната несреќа на Шарл Леклер на домашната трка на Ферари.

Да ве потсетиме дека возачот на Мерцедес, Кими Антонели, денес ја освои Големата награда на Италија во шампионатот на Формула 1. Антонели ја постигна седмата победа во својата кариера на патеката во Монца, откако го престигна соиграчот Џорџ Расел на четири круга до крајот.

Расел заврши втор, 3,8 секунди зад победникот, додека Макс Верстапен заврши трет, 14,7 секунди зад победникот. Ландо Норис беше четврти, додека Оскар Пјастре, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Арвид Линдблад, Франко Колапинто и Јуки Цунода исто така освоија поени. Антонели сега има 267 поени во генералниот пласман, Расел е втор со 201, додека Хамилтон е трет со 191 поен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино, пожар му се заканува на селото

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино во Општина Брвеница, каде што голем пожар беснее во близина на селото и се заканува да се прошири кон населеното место, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино, пожар му се заканува на селото

Тетовските пожарникари се на терен, но гаснењето е отежнато поради непристапниот и ризичен терен.

Ангелов информираше и дека пожарот кај Рамно на Скопска Црна Гора се гасне веќе втор ден. Во акцијата учествуваат хеликоптер, пожарникари, екипи на ДЗС и околу 30 припадници на Армијата.

Силниот ветер го отежнува гаснењето, а чадот се движи кон Скопје. Ангелов апелираше до граѓаните на внимателност.

„Доволно е само една искра за вистинска катастрофа“, предупреди тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер