Експертите тврдат дека е модна икона, но кој уште би се осудил да излезе вака на улица? - Канал 5

Експертите тврдат дека е модна икона, но кој уште би се осудил да излезе вака на улица?

Лејди Гага не престанува да изненадува со своите дневни комбинации.

Експертите тврдат дека е модна икона, но кој уште би се осудил да излезе вака на улица?

Таа на 17.03. е фотографирана во највисоките потпетици досега видени во Њујорк, од преку 20 сантиметри. Тоа се познатите бели чизми со врвки на брендот „Pleaser shoes“, кои ги усогласила пастелно сино спортски комбинезон.

Гага вежбаше за настап со ненадминливиот Тони Бенет во „Radio City Music Hall“, по повод нивниот заеднички настап „Уште еден последен пат, вечер со Тони Бенет и Лејди Гага“.

Гага и Бенет се блиски пријатели со години. Уметницата со прекрасен глас на Парадата во 2014 година рече дека Бенет ѝ помогнал кога навистина размислувала да ја напушти музиката.

Тие двајца направија заедничко интервју, во кое Тони истакна дека не сакал да прави такво нешто во животот, но „едноставно го погодиле“.

На прашањето зошто Гага сакала да се откаже од музиката, пејачката одговори:

- Нема да кажувам имиња, но луѓето стануваат ирационални кога се во прашање парите, начинот на кој се однесуваат со вас и што очекуваат од вас, тоа е чудо. Ако му помогнете на уметникот, тоа не ви дава за право, кога уметникот е голем, да го искористувате. Бев толку тажна, не можев да спијам. Се чувствував мртво. А, потоа поминав многу време со Тони. Тој не сакаше ништо друго освен чисто пријателство и мојот глас - изјави Гага и во тој момент се расплака, додека Бенет тивко проговори: „Разбирам“, држејќи ја за рака.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер