Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата - Канал 5

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата

Во одредени ситуации, партнерите иако се свесни дека на нивниот брак му дошол крајот, одлучуваат да продолжат со бракот само поради децата. Според стручните лица,  да останеш во брак само поради децата, не е добра одлука.

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата

Иако е важно децата да растат со двајцата родители, бидејќи секој родител има своја улога во животот на детето, факт е дека понекогаш е подобро на возрасните да им се разминат патиштата, бидејќи тие би требало да мислат за подобра иднина на своето дете. Ако чувствувате дека емоционалната врска исчезнала и разговорите со партнерот се сведени само на обврски и за финансии, тоа може да биде знак дека е време да размислите за разделба.

- Врската преминала во практично заедничко родителство. Нема конфликти, но нема ни вистинска врска – водите одвоени животи, вели брачната психотерапевтка Деби Кинан.

Тоа, според неа, е уште еден јасен показател дека продолжувате со вашиот брак само поради децата е и укажувањето на меѓусебни грешки.

- Родителите често ја мешаат заедничката грижа со интимноста. Ако вашите единствени топли моменти доаѓаат од разговори за децата, важно е да забележите дека ги користите како емоционална изолација за да избегнете да се соочите со тоа што недостасува меѓу вас, вели психотерапевтката Шарлот Фокс Вебер.

Паровите што остануваат во однос само поради децата често веруваат дека врската ќе ја прекинат кога децата ќе бидат „доволно подготвени“. Во такви ситуации, родителите се уверуваат дека потребите на децата се пред нивната лична среќа и дека, на некој начин, тие потреби се исполнети.

- Многумина ќе останат во врска без љубов, бидејќи децата им се поважни од нивната сопствена среќа. Тие сакаат да се уверат дека потребите на нивните деца се исполнети, а нивната намера е да ги заштитат, додава психотерапевтката.

Во сето тоа, наместо да размислувате како да ја подобрите или промените врската, се јавува прашањето – како да излезете од неа. Огорченоста може да се вкорени во врските што не напредуваат, отворајќи го патот кон она што психолозите го нарекуваат „четири елементи на деструктивна комуникација“: критика, одбранбен став, презир и избегнување. Ова може да доведе до уште поголема дистанца, повлекување и губење на меѓусебната почит.

Сите овие ситуации можат да остават влијание врз вашите деца, па тие може да се чувствуваат виновни и одговорни за напнатоста, и да научат дека љубовта понекогаш значи емоционална празнина. Исто така, децата можат да усвојат негативни начини на однесување за идните врски, а вашите фрустрации може да се пренесат врз нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од  руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“.

Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“.

По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев.

По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби пречекан со овации во Чаир!

Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.

Груби пречекан со овации во Чаир!

Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби.

Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер