Експертите од Македонија и Србија на стручен состанок за респираторните инфекции кај децата - Канал 5

Експертите од Македонија и Србија на стручен состанок за респираторните инфекции кај децата

Во Скопје се одржа стручен состанок на тема ,,Респираторни инфекции кај децата”. 

Експертите од Македонија и Србија на стручен состанок за респираторните инфекции кај децата

Здружението на педијатрите под покровителство на Институтот „Д-р. Јосиф Панчиќ“ денеска отвори стручна дискусија околу респираторните инфејкции кај децата.

Претседателката на Здружението на педијатри истакна дека е добро што се менува свеста и навиките особено кај младирте родители наместо за секоја настинка да бараат антибиотик и сѐ повеќе се интересираат и бараат природни препарати кои помагаат кај респираторните болести кај децата.

„ Педијатрите и фармацевтите заедно предлагаат едно ново решение на македонскиот пазар а тоа е алтиптим сируп за сите видови на кашлица. Заедно во борбата за рационална примена на антибиотици, тоа значи дека ќе можеме пред да посегнеме по антибиотици да ги искористиме сите ресурси кои ни се на располагање, а тоа се билните производи“ , рече Душанка Лончаревиќ – директор за продажба на Институтот „Др. Јосиф Панчиќ“ од Србија.

„Ние како Институт имаме слоган - науката и природата во служба на вашето здравје и навистина нашите научни истражувања се имплементирани во сите наши производи.“ , потенцира Д-р. Спец. Мед. Ана Жугиќ од Одделот за фармацевтски истражувања и развој.

„Денеска присуствувавме на една навистина прекрасна презентација, во присуство на педијатри каде е и нашиот институт ги претстави своите производи. Морам само да кажам дека за почеток производите се алтиптим и алтиприм П кои ќе бидат од оваа година, практично од оваа сезона на подрачјето на Македонија.“, рече директорот на Институтот д-р. Јосиф Панчиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.

„Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице.

За информации и совети функционира и платформата www.ranaintervencija.mk, поддржана од Општина Центар.

Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто – најниското ниво во неговата политичка кариера – според новата анкета на „Ројтерс/Ипсос“.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Истражувањето беше спроведено во текот на четири дена, период во кој Трамп им забрани пристап до Белата куќа на три големи медиумски куќи и размислуваше за уривање на познатиот Центар за изведувачки уметности „Кенеди“ во Вашингтон, доколку името „Трамп“ не можеше да се додаде во неговиот назив.

Истражувањето покажа дека гласачите сè помалку се склони да ги поддржат републиканците на Трамп на меѓуизборите на 3 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот во следните две години.

Севкупната поддршка за Трамп опадна во споредба со анкетата од претходната недела, кога изнесуваше 35 отсто; особено е значајно што поддршката меѓу самите републиканци падна од 82 на 73 отсто во текот на таа недела.

Незадоволството меѓу републиканците во врска со инфлацијата расте откако Трамп започна војна против Иран во февруари, што предизвика нагло зголемување на цените на бензинот и дизелот.

Сега, за првпат, бројот на републиканци кои не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот го надминува бројот на оние што го фалат.

Според анкетата, 51 отсто се незадоволни од неговиот учинок во овој поглед, додека 44 отсто го поддржуваат. Рејтингот на Трамп е понизок од кој било забележан за неговиот демократски претходник, Џо Бајден, чие претседателствување исто така беше одбележано со скок на инфлацијата и кој на крајот се откажа од обидот за реизбор откако лошиот настап на дебатата ги засили загриженостите за неговата возраст.

Само 34 отсто од испитаниците во најновата анкета ги одобруваат нападите врз Иран.

Претходно овој месец, републиканскиот лидер вети дека војната ќе заврши веднаш по изборите. Сепак, Иран не покажа знаци на повлекување, а во последните недели Техеран и неговите сојузници се заканија со дополнителни пореметувања на пазарите на нафта.

Околу 82 отсто од испитаниците, вклучително и девет од десет демократи и три четвртини од републиканците, изјавија дека конфликтот веројатно ќе се одолговлечи.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ покажа дека 43 отсто од регистрираните гласачи би ги избрале демократите на меѓуизборите, додека 35 отсто би се одлучиле за републиканците. Според агенцијата, разликата од 8 процентни поени претставува најголема предност на демократите во анкетите на „Ројтерс/Ипсос“ оваа година.

За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома на Конгресот би можело да ја отежне агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот мандат.

Трамп и понатаму ужива поддршка од републиканците во однос на имиграцијата, при што 79 отсто од членовите на неговата партија го поддржуваат; сепак, генерално гледано, само 36 отсто од Американците го поддржуваат неговиот пристап кон ова прашање, додека 55 отсто не го одобруваат. Резултатите од анкетата исто така покажаа дека околу 35 отсто од испитаниците го одобруваат пристапот на Трамп кон борбата против криминалот, додека 50 отсто не го одобруваат.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ беше спроведена онлајн и опфати 1.277 возрасни лица од целата територија на САД.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

Филипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.

СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери.

СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план.

Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија?

СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер