Експертите го поздравуваат зголемувањето на минималецот

Експертите го поздравуваат зголемувањето на минималецот и на тоа гледаат како на катализатор кој во иднина ќе треба да резултира со раст и на другите плати. 

Зголемениот минималец ќе го подобри животниот стандард на работниците со ниски примања, но ќе влијае демотивирачки кај останатите вработени доколку нивните плати не го следат растот, ова е ставот на ЕКСПЕРИТЕ... Го поздравија потегот со кој минималецот се зголеми за речиси 50 евра, но сметаат дека е нужно да растат и останатите плати.Универзитетскиот професор Гадаф Реџепи апелира сите плати да бидат поврзани со некаков индекс по теркот на минималецот.

„Доколкуплатата на еден наставник би била две минимални плати автоматски нивна плата сега би се зголемила, и секој во Македонија би се израдувал на овој потег, вака повеќето работници на пример медицинска сестра секако дека тие нема да се радосни на ова покачување бидејќи нивна плата е иста како работниците кои немаат никакви односно со нула образование. Тоа кај нив ќе делува демотивирачки. И мора секоја плата да е поврзана со некој индекс.“ истакна Гадаф Реџепи, универзитетски професор

Според Благица Петрески од институтот Фајненс тинк пак, потребата од државно субвенционирање на зголемениот минималец покажува дека фирмите се во тешка состојба поради кризите и не се во можност да исплаќаат повисоки плати, па како долгорочно решение предлага државата да се насочи кон креирање повисоко платени кадри.

„Со новиот праг од 18 илјади денари една четвртина од вработените ќе бидат на минимална плата, и ќе направи притсок за пораст на платите особено кај оние вработени кои претходно биле во тој ранг околу 18 илајди. Во спротивно, доколку нема таков пораст може да влијае демотивирачки кај попродуктивните вработени. / Да почнеме да генерираме кадри кои нема да таргетираат нископлатежни работни места. Само така ќе може да имаме долгорочна одржливост и задоволни работници.“ изјави Благица Петрески, Фајненс тинк

Растот на минималецот веќе ги радикализираше синдикатите кои се се погласни во барањата скалесто да растат и останатите плати, во спротивно се заканија со протести. А, очекувано се наметна и прашањето за зголемување на пензиите, за што веќе стигнаа најави дека се подготвуваат законски измени и за повисоки пензии.

Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна на грчкиот остров Евија

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. 

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

Една четвртина од младите Европејци работат за време на школувањето

Најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија.

Само 25 проценти младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени за време на нивното формално образование во текот на 2022 година, три отсто биле регистрирани како невработени, односно како лица кои активно бараат работа, додека 72 проценти воопшто не биле вклучени на пазарот на расположлива работна сила, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Процентот на млади кои биле работно ангажирани за време на школувањето драстично се разликува од земја од земја членка на ЕУ. Така, најголем удел на млади луѓе вработени во текот на формалното образование бележи Холандија со 73 отсто, пред Данска со 52 и Германија со 45 проценти.

Од друга страна, најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија од само два отсто, пред Словачка со пет и Унгарија со шест проценти.

Највисок процент на официјално регистрирани невработени млади за време на образованието имало во Шведска од 13 отсто, пред Финска со седум и Холандија со шест проценти.

Помалку од еден отсто од младите се воделе како невработени во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија. /МИА

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСK) ја одржува 93. Седница

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСk) денеска ја одржа 93 седница на која беа разгледани повеќе предмет.

На почетокот од седницата комисијата дискутираше околу повеќе известувања стигнати до Комисијата во врска со минати и актуелни предмети, помеѓу кои i известувањето од Судски Совет за случајот „Трансмет“.

На денешната седница беа одбиени неколку поднесени жалби и предмети за продажба на земјиште како и пријава за злоупотреба при вработување на член на надзорен одбор во јавно претпријатие.

притисни ентер