Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протоколи за пациентите од пожарот во Кочани - Канал 5

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протоколи за пациентите од пожарот во Кочани

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за тежина на клиничката слика на пациентите од трагедијата во Кочани

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протоколи за пациентите од пожарот во Кочани

Веќе имаме неколку експерти од Англија, кои заедно со нашите доктори подготвуваат евалуација, односно протокол, за да се процени тежината на клиничката слика по што ќе ги тријажираме пациентите, каде треба да продолжат да се третираат. Дали ќе треба тука, дали ќе треба во тие држави што нудат помош да се третираат таму, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција за повредените пациенти од трагедијата во Кочани.

- Сега имаме експерти за изгореници кои заедно со нашите екипи подготвуваат протоколи, појасни Таравари.

Тој рече дека очекуваат информации за опис на состојбата на пациентите во странство, за да се планира колку ќе се третираат во државава, а колку надвор од неа.

Министерот рече дека во Литванија имало еден пациент, кој сега бил во добра состојба, а надлежните таму планирале да го задржат уште еден месец, со цел рехабилитацијата да биде комплетна.

- Можеби ќе има и од другите држави, од овие 48 пациенти, за коишто државите се подготвени без финансиски надомест да задржуваат одредени пациенти за подолгорочен третман, додека ние веќе се подготвуваме од идната недела, се надевам, во „8 Септември“ да се доекипираме и да се подготвуваме одреден број на пациенти да ги третираме во наша здравствена установа, за тие потешки пациенти, појасни Таравари.

Тој повтори дека неколку држави изразиле интерес да помогнат за најтешките пациенти на кои им е потребна рехабилитација.

- Не се работи само за физикален третман, туку треба да речам така, повеќе начини на рехабилитација - и респираторна и физикална, меѓутоа и психичка рехабилитација, додаде министерот за здравство.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата, животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени. Во моментов девет лица се лекуваат во болници низ Скопје, а 48 во странство.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода

Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода пред доказите за луксузирање низ Грција, џиповите, имотот во строг Центар и кафе барот „Павилјон 36“.

ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица.

Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен.

Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол популизам стана очигледно неговото луксузирање по грчките плажи, нов џип, кафе бар и нов имот на партијата.

Апасиев и Левица го манипулираат и лажат своето членство дека купиле подрум, но на виделина излегоа документи каде, всушност, освен подрум таму има и приземје и локал.

На тоа место, кое е над земја три-четири метри исто така е регистриран и локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Падна во вода приказната која Апасиев сакаше да ја продаде на народот како дете на стечајци и одење на работа со велосипед, до скап џип паркиран на тревник пред Собрание и луксузирање на грчките плажи, додека во исто време партијата купува имоти во строг Центар на Градот и отвoра кафе барови.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер