СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаЕксперти: Нема простор за загриженост околу безбедноста на вакцините против ковид – 19Место за загрижност за вакцините против коронавирусот нема, тврдат експертите. Доцент Д-р Мери Киријас од Институтот по имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет за Канал 5 вели дека за да се употребува вакцина претходно минува низа механизми што ја потврдиле нејзината ефикасност и безбедност. Таа појаснува, актуелните „Фајзер“ и „Модерна“ имаат над 95% успешност. - Ова значи дека од 100 луѓе што се вакцинирани, 95 имале детектирани антитела или клеточен имунитет, докажале дека се создал имунитет кон SARS-CoV-2 вирусот. Едната гранка опфаќа одговор на тоа дали вакцината е ефикасна, треба да поттикне создавање на имун одговор, што е задача на секоја вакцина. Другата гранка, пак, се однесува на безбедноста. Секако и тоа се испитува, а подложи на многу строги контроли пред да биде одобрена од страна на било која институција или држава, вели Доц. Д-р Мери Киријас. Негативни ефекти се болка на местото каде што се прима вакцината, замор или блага температура, а иако целосно не се исклучува, нема доказ дека вакцината може да предизвика алергиска реакција. - Одреден процент од индивидуите може да почувствуваат благи симптоми како главоболка, неспрецифични симптоми што траат еден до два дена. Ова не значи дека сите ќе ги почувствуваат тие симптоми. Досега нема податоци, нема објавено дека алергија на некоја храна ќе предизвика и алергиска реакција на вакцината. Самата вакцина не содржи такви состојки, а производителите имаат објавено дека вакцината содржи протеини од јајце, или нешто слично, вели Киријас. Според досегашните информации, вакцините што веќе се употребуваат во светот, би требало да се ефикасни и против новиот мутиран сој на коронавирусот чие присуство освен во Велика Британија е потврдено во Холандија, Данска и Австрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА. Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена. Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени. На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина. Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена. Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАрсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари. Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите. Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter