Експерти: Македонија за сега не е под опасност од иранските ракети - Канал 5

Експерти: Македонија за сега не е под опасност од иранските ракети

Четири години по почетокот на војната во Украина, Македонија дочека уште една војна – на Блискиот исток, без фунционален систем за тревога.

Експерти: Македонија за сега не е под опасност од иранските ракети

Сирените од времето на Југославија не работат, а засега само идеа остана и планот граѓаните во случај на итност да се предупредуваат со СМС пораки.

Во незавидна состојба се и скривниците, за чие одржување надлежност имаат и ДЗС, општините и граѓаните.. Директорот на ДЗС – Ангелов вели дека оние со кои тие стопанисуваат во рок од една година ќе бидат целосно функционални.

-Имаме и неколку специјални скривници на територијата на државата, карактеристика е дека дел од нив се во лоша состојба, од оваа позиција директор на ДЗС правам обиди оние кои што се под наша надлежност да бидат ставени целосно во функција и на добар пат сум тоа да биде реализирано во наредната една година, останатите, кои се во надлженост за локалната самоуправа, треба да се зборува со градоначалниците,- Стојанче Ангелов – Директор за заштита и спасување.

Иранските проектили имаат дострел до Македонија, но за среќа, според експертите, властите во Техеран немаат никаков интерес да не гаѓаат. Сепак, подготвеноста на земјава според универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев е загрижувачка. Само влезот во НАТО не е доволна одбрана за систем што 30 години еродирал и кој, и покрај воведување на современи системи, покажува сериозна слабост на сајбер напади, кои можат да предизвикаат значителна штета.

-Приказните со бомбите, приказните кои ни се случуваа со сајбер нападот на Фондот само ни покажуват дека системот е ранлив на вакви сегменти и покажуваат дека безбедноста ја земаме здраво за готово, што за жал, мора да кажам дека е резултат на ерозија, како во врвната мисла во доменот на безбедносниот сектор во измиантиве 30 години, така и во однос на политичката посветеност. Не може да очекувате дека сега ако сте НАТО – членка дека сега работата е завршена, мораме многу повеќе и посериозно да се посветиме на тоа и да размислиме кои се следните чекори. Што е тоа што треба да го направиме, дали ќе имаме капацитети ако се случи најлошото сценарио да бидеме инволвирани во глобален конфликт. Мора да најдеме одговор на сите овие прашања кои сега се празни и неодговорени,- Методи Хаџи – Јанев.

Од почетокот на војната на Блискиот Исток, на мета на сајбер напад се најде Албанија, каде има преку 3000 ирански опозиционери. Хакерскиот нападот се изврши на парламентот во Тирана и од интерес за Иран во регионов, според експертите би бил токму западниот сосед. Минимални можности постојат и за Бондстил, базата на САД во Косово, но и тој сега е под оператива на европските сојузници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер