Експерти: Енергијата од обновливите извори не е одговорна за априлскиот прекин на струјата - Канал 5

Експерти: Енергијата од обновливите извори не е одговорна за априлскиот прекин на струјата

Мадрид ги отфрли ваквите тврдења, а како „нелогична“ оваа теза ја оценија и експертите. 

Експерти: Енергијата од обновливите извори не е одговорна за априлскиот прекин на струјата

Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на „извори во Брисел“, минатата недела објави дека причина за големиот прекин на струјата на Пиринејскиот полуостров на 28 април бил „експеримент со обновливи извори на енергија“, што го спроведувале шпанските власти. Мадрид ги отфрли ваквите тврдења, а како „нелогична“ оваа теза ја оценија и експертите.

Весникот во својот текст наведе дека според „извори во Брисел“, дефектот бил предизвикан поради експеримент што го спроведувале шпанските власти со цел да „испитаат колку можат да ја зголемат зависноста од обновливи извори на енергија“ во рамки на плановите за постепено затворање на нуклеарните реактори во Шпанија.

- Ако се утврди дека прекинот бил контролиран експеримент што тргнал наопаку и ако оваа информација е скриена од јавноста... шпанската левица се соочува со изборен заборав за една цела политичка генерација, наведува авторот на текстот во „Телеграф“.

Шпанската влада „категорично ги негираше“ тврдењата изнесени во весникот како целосно невистините. Шпанската вицепремиерка Марија Хесус Монтеро дури изјави дека зад ваквите наводи во написот стојат „корпоративни интереси“, додавајќи дека британскиот весник е „познат по ширењето лажни вести, лаги и обид за искривување на јавното мислење“.

Врз основа на ваквите противречни тврдења, одделот за проверка на фактите на Еуроњуз, „Еуроверифај“ спроведе истрага за потврдување или негирање на наводите изнесени во „Телеграф“, кои ги пренесоа и повеќе други медиуми.

Тимот на „Еуроверифај“ утврдил дека текстот во кои се изнесени ваквите тврдења всушност е уреднички коментар на колумнистот Амброз Еванс-Причард, а не вест или извештај и дека во него не се наведени никакви докази со кои би се поткрепиле обвинувањата.

- Авторот го користи прекинот од 28 април за да ги критикува енергетските политики на шпанската социјалистичка Влада предводена од премиерот Педро Санчез. Според планот усвоен во 2019 година од Владата на Санчез, Шпанија постепено треба да ги затвори своите нуклеарни централи во текот на следната деценија и да се фокусира на зелени извори на енергија, потег што Еванс-Причард го опишува како неодговорен, наведува „Еуроверифај“.

И самиот Санчез изјави дека „нема емпириски докази оти инцидентот бил предизвикан од вишок енергија од обновливи извори“, обвинувајќи ги пронуклеарните групи дека го користат инцидентот за да водат кампања против постепеното затворање на нуклеарните централи.

Тимот за проверка на фактите побарал информации од „Телеграф“ за појаснување за бројот на консултирани извори за изнесените тврдења, како и за нивната поврзаност со тековните истраги за инцидентот, но не добил одговор, додека на прашање до Европската комисија дали може да ги негира или потврди наводите, било одговорено дека нема да коментираат се додека не ги добијат резултатите од истрагите за причините за прекинот на електричната енергија.

По инцидентот Европската комисија побара од Шпанија да спроведе истрага и во рок од три месеци од датумот на колапсот на електроенергетскиот систем да и достави технички извештај за причините за инцидентот. Покрај Шпанија, паралелна истрага спроведува и тим европски експерти, кои својот извештај, исто така, треба да го достават до Еврокомисијата.

Тврдењата на „Телеграф“ во изјава за „Еуроверифај“ ги отфрлила компанијата „Ред Електрика“, која е делумно во сопственост на шпанската држава и е одговорна за управување со електрична мрежа во Шпанија. Портпарол на компанијата изјавил дека „категорично ги негираат“ тврдењата на лондонскиот весник, додавајќи дека тие се пример за „лажни вести“.

Во врска со случајот тимот консултирал и енергетски експерти, кои изјавиле дека експеримент каков што се наведува во написот во принцип е изводлив, но дека е малку веројатно оти тој би можел да биде причина за падот на електроенергетскиот систем.

- Се е можно, но оваа теорија не изгледа разумна, изјави за „Еуроверифај“ заменик-раководителот на Одделот за електротехника при Политехничкиот универзитет во Валенсија, Мануел Алказар-Ортега.

Тој додава дека технички гледано „Ред Електрика“ располага со компјутерски симулатор кој може да ја реплицира целата преносна мрежа и нејзиното функционирање.

- Значи, овие симулации не треба да се прават во реалниот живот. Тие можат да се прават во овој симулатор, изјави Алказар-Ортега, додавајќи дека симулаторот се користи за тестирање на капацитетот на мрежата и за предвидување на нејзината еволуција со цел да се надгради инфраструктурата и да се прилагоди на идните потреби.

Истражувачот од белгискиот истражувачки центар „ЕнерџиВил“, Дирк Ван Хертем, изјавил дека иако тестирање и експерименти на мрежата можат да се направат во пракса, сепак нема докази дека такво нешто било вршено во време на прекинот на електричната енергија.

Според него, времето во кое се случи инцидентот не е најпогодно за тестирање на капацитетот на мрежата за апсорпција на струја од обновливи извори на енергија, бидејќи тогаш нема „највисока пенетрација на обновливи извори на енергија во Шпанија“.

Во недостиг на цврсти заклучоци за причините за инцидентот, како и информациите дека половина час пред крахот биле регистрирани „осцилации“ во електричната мрежа и последователни дефекти во трафостаници во југозападна Шпанија, ги поттикнуваат шпекулациите дека одговорноста за прекинот лежи во преоптовареност предизвикана од електраните на обновливи извори.

Алказар-Ортега вели дека не може да се исклучи тезата дека овие електрани се можеби причина за прекинот, но одговорноста според него не е во самата енергија од обновливи извори, туку во начинот на кој е управувано со овој ресурс.

Шпанија во последните години забележа експоненцијален раст на уделот на енергија од електрани од обновливи извори, како ветерници, соларни панели и хидроцентрали, кои во 2024 година генерирале рекордни 56,8 отсто од вкупната струја во земјата.

- Ова не беше придружено со системи што би ни овозможиле да ја компензираме инерцијата што системот ја губеше поради тоа што немаше замена за вистинската инерција што ја обезбедуваат традиционалните електрични генератори, изјави Алказар-Ортега.

Инерцијата на системот во мрежата помага да се одржи фреквенцијата во прифатлив опсег, но обновливите извори на енергија, како што се ветерот и сончевата енергија, важат за „безинертни“, што ја прави електричната мрежа понестабилна и поподложна на прекини.

- Не е вината во обновливите извори на енергија, туку во тоа што нема системи за складирање или други видови инвертори способни да ја обезбедат оваа контрола на фреквенцијата, додава Алказар-Ортега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер