Експеримент: Еден близнак јадел веганска храна , другиот месо и по 12 недели ги споредиле резултатите (ВИДЕО) - Канал 5

Експеримент: Еден близнак јадел веганска храна , другиот месо и по 12 недели ги споредиле резултатите (ВИДЕО)

Близнаците Хуго и Рос Тарнер решиле да спроведат мал експеримент поврзан со диетата.

Експеримент: Еден близнак јадел веганска храна , другиот месо и по 12 недели ги споредиле резултатите (ВИДЕО)

Хуго јадел само веганска храна 12 недели, додека Рос се држел до диета богата со месо, а промените на нивните тела биле набљудувани од тим научници од Кинг колеџот во Лондон. За време на експериментот, научниците ја мереле промената во нивната тежина, нивото на холестерол и мускулната маса.

Обајцата во тоа време тренирале во теретана пет до шест пати неделно во тоа време, а ги подготвувале своите оброци со внесување на речиси идентичен број калории. На крајот на експериментот, имало значителни разлики во нивната физичка состојба.

Пред да го елиминира месото од диетата, Хуго тежел 83,9 килограми и имал 13 проценти телесна маст. На крајот на експериментот, тој тежел 82,1 килограми, а процентот на маснотии на телото се намалил на 12 проценти. Неговото ниво на холестерол исто така се намалило, пишува Инсајдер. Тој рече дека има повеќе енергија отколку пред да ја промени диетата.

„Мојот ментален фокус е многу подобар додека бев на веганска диета. Не почувствував пад на енергијата“, рече тој.

Тој тоа го објасни со промената на грицките. Бидејќи бисквитите и чипсот што тој нормално ги јадел, не биле дел од веганската исхрана, тој ги заменил со овошје и ореви.

Рос го започнал експериментот со тежина од 79,4 килограми и 13 проценти маснотии. За време на експериментот, тој добил 4,5 килограми мускулна маса и 1,8 килограми масно ткиво. На крајот на експериментот, тој тежел 85,7 килограми, а процентот на маснотии се искачил на 15 проценти. Неговото ниво на холестерол не се променило.

Овој експеримент траел доста кратко време во споредба со другите студии поврзани со диетите, а близнаците потврдија дека би сакале да го повторат експериментот во тек на шест или 12 месеци за да добијат поточни резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер