Ексклузивно - Канал 5 вести од иднината - козерија

Ги донесуваме најновите вести од 6ти Мај 2024 год.

Проследете ги најновите вести од републиката.

6 Мај 2024 год.

На вчерашните парламентарни избори во Голема Македонија, новоформираната партија на “Педери, како карактерна особина” освоија 67 пратенички места.

Коалицијата СДСМРО освои 42 места и вети дека ќе бидат конструктивен коректив на владата составена од “Педерите”

Гласовите од покраината Бугарија доцнат поради опструкции на локални членови на изборната комисија во Софија, малубројни Бугари по националност, изјави за Канал 5 , претседателот на покраинската комисија г-дин Каракачанов.

МВР и ДБК наводно пронашле една , последната “тајна шахта” ,на која се наоѓа комплетно сочувано и неизбрусено сонцето од Вергина со златна боја. Сопственикот на куќата во чии двор се наоѓа шахтата, извесен Паско, тврди дека под шахтата се наоѓа гробот на Александар Македонски.

Грција упати ултиматум до нашата страна барајќи во рок од 24 часа да се предаде “тајната шахта”, во спротивно се заканува со забрана за летување на македонски политичари на Халкидики во период од 5 години

Главната обвинителка Рускоска конечно реализираше распит на некогашната спец обвинителка Јанева. На денешната прес конференција Рускоска ја потврди сензационалната вест - Катица Јанева имала и трет мобилен телефон кој го закопала во далечната 2019 на плажа во Ханиоти. Дали третиот телефон конечно ќе ја открие мистеријата - кој го гледал фудбалски натпревар на Јувентус во Февруари 2019 заедно со Орце Камчев во домот на Боки Тредичи?

На многубројните платформи и трговски центри лоцирани околу природниот олимписки базен Матка, се одржа изложба насловена како” Матка - од езеро до базен“.

Сопственикот на платформите и трговските центри околу базенот Матка, г-дин Беџети, се заложи за престанок на поставување на нови градби , со цел опстанок на базенот Матка, кој е прогласен за природна реткост - природен олимписки базен.

Ова беа вестите за Понеделник, 6ти Мај 2024 година

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер