Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија
1Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија
МакедонијаЕКСКЛУЗИВНО: Канал 5 дознава за голема акција на МВРСпецијалците на МВР апсат во Лојане и Скопје, голема полициска акција. Голема полициска акција е во тек во Лојане, кумановско и скопско. Граѓани јавуваат дека акцијата ја спроведуваат специјалните единици на МВР, а полициските хеликоптери од рано наутро го постојано надлетуваат. Според нашите сознанија, уапсена е поголема група на криумчари на мигранти, а акцијата уште трае.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаФилипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економијаМакедонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите. „Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економија по проектиран БДП по жител.Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Ова е сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека македонската е далеку зад најбогатите економии во Европа, а граѓаните секојднево на свој грб ја чувствуваат разликата. „Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци“, рече Филипче. Притоа, Филипче порача дека зад пропагандата на власта се крие економска политика која ја задолжува државата, ги осиромашува граѓаните и не нуди никаква перспектива. „ Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!Почитувани дами и господа од власта, себеси може да се лажете, но народот не можете! На 1 април 2025 година ЛДП првпат го поднесе Предлог-законот за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот беше одбиен! А потоа следуваа трагедии. Зад секој датум стои човечки живот, вели Илија Чилиманов, истакнат правник и член на ИО на ЛДП. - 3 МАЈ 2025 – РАМАЈАНА АСАН. Само 32 дена по првото одбивање на предлогот на ЛДП. - 15 СЕПТЕМВРИ 2025 – РОСИЦА КОЦЕВА. 167 дена, односно 5 месеци и 14 дена по одбивањето. - 2 МАРТ 2026 – ИВАНА И КАТЈА. 335 дена по првото одбивање. - НОЕМВРИ 2026 – БИЛЈАНА КИРИЌ. 581 ден по првото одбивање, сметано до 3 ноември. Ова не се само имиња и бројки, додава Чилиманов, ова се човечки животи! „Ова се трагедии што отвораат страшни прашања за пропустите на системот и за тоа колку жени можеле да добијат дополнителна заштита доколку институциите реагирале навреме“, посочува Чилиманов. На 5 март 2026 година ЛДП повторно го поднесе Предлог-законот, а на 18 март тој повторно беше одбиен во Собранието! Во меѓувреме, во собраниската документација се појавува предлог поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на 26 август 2026 година. Но, предлог поднесен од пратеници не е исто што и предлог поднесен од МВР! „Согласно член 72 од Деловникот на Собранието, материјалите доставени во првите пет работни дена се разгледуваат во тековниот месец. Предлогот од 26 август бил доставен по тој рок, што го отвора прашањето зошто не бил ставен на разгледување во септември. Билјана беше убиена во ноември. ШТО ЧЕКАВТЕ?! И сега се обидувате да ја убедите јавноста дека вие први сте го предложиле решението? Собраниската архива има датуми, документи и предлагачи. Со политички изјави не можете да ја избришете хронологијата“, вели Чилиманов во својата изјава. Решението што го предлага ЛДП е јасно, конкретно и применливо - предлагаме 24-ЧАСОВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ НА НАСИЛНИЦИТЕ, со следење на нивното движење, автоматски аларм при прекршување на забраната за приближување од 100 метри до жртвата и известување на надлежните институции, вклучително и МВР, кои треба веднаш да постапат. „Во случаи со висок ризик, електронската нараквица треба да биде задолжителна. Жртвата, доколку сака, ќе добие посебен уред за предупредување. Системот ќе алармира и при обид за отстранување на нараквицата или губење на сигналот. Значи, не предлагаме само нараквица! Предлагаме систем за непрекинато следење, предупредување и институционална реакција, со една единствена цел – ДА СЕ ЗАШТИТИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ“, нагласува Чилиманов. Ниту една мерка не може да гарантира стопроцентна заштита, но тоа не е оправдување државата да не ги воведе механизмите што можат да спречат насилство. Росица, Рамајана, Ивана, Катја и Билјана не смеат да бидат заборавени! „Совеста не се пере со прес-конференции, ниту институционалните пропусти се бришат со политички оправдувања. Јавноста заслужува вистина. Жртвите заслужуваат правда. Одговорните за докажаните пропусти мора да понесат одговорност! БАРАМЕ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНОСТ и итно усвојување на законот“, заклучува Илија Чилиманов во своето обраќање. Тагови: Чилиманов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00