ЖивотЕксклузивни официјални фотографии од венчавката на ракометарот Дејан Манасков и Билјана Стојановска: Младенците блескаат, очекуваат и принова!Ракометарот Дејан Манасков, кој настапува за македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер, последниот ден од јануари стапи во брак со својата сакана Билјана Стојановска.Еден од најдобрите македонски ракометари, крилото на „Еурофарм Пелистер“ Дејан Манасков и директорката на маркетинг и финансии во Канал 5 телевизија – Билјана Стојановска одлучија својата долгогодишна врска да ја крунисаат со брак на 31.01.2026. Канал 5 телевизија официјално се придружува кон честитките на овој нов брачен пар со посебно задоволство бидејќи нивната прва средба беше токму во просториите на оваа телевизиска куќа. Билјана го изговори судбоносното „да“ во креација од дизајнерот Марков, тоалета од свилен сатен со долг впечатлив шлеп, која за време на венчавката во црква беше дополнета со елегантна наметка од бел кашмир и детали од природни пердуви. Ракометарот пак се одлучи за темно кафен костум кој совршено му прилегаше. Венчавката беше интимна, во кругот на најблиското семејство и пријателите, а се одржа во црквата Рождество на Пресвета Богородица. Свештеничката служба збогатена со пеењето на црковниот хор ги стоплија срцата на присутните. Граѓанското склучување на брак и свечената вечера се одржаа во винаријата Камник, во топол зимски амбиент. Покрај фамилијата присуствуваа и нивните најблиски пријатели и личности од светот на спортот и музиката, а официјални сведоци на склучувањето на бракот беа ракометарот Гоце Ојлески (кум) и стилистката Јована Зука (старосватица). По овој повод, Канал 5 телевизија ви открива ексклузивни фотографии од венчавката, воедно на младенците им посакува среќен и долг брак, богато потомство и бројни, прекрасни заеднички моменти! Тагови: Билјана Стојановска венчавка дејан манасков Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter