Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите
2Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите
Стјуардеса случајно погледнала во телефонот на патник и се шокирала- авионот итно вратен на аеродромот (ВИДЕО)
2Стјуардеса случајно погледнала во телефонот на патник и се шокирала- авионот итно вратен на аеродромот (ВИДЕО)
КултураЕксклузивни гости на 37. Скопски џез-фестивалЕксклузивност, уникатност и храбра програмска ориентација најави Скопскиот џез-фестивал за 37-мото издание кое ќе се одржува од 17 до 21 октомври на две локации во главниот град: Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар.- Речиси сите концерти што ја сочинуваат програмата на фестивалот се специјални и ексклузивни по својот карактер и не претставуваат дел од турнеите на музичарите. Исклучок е настапот на Дејвид Мареј квартет со Сол Вилијамс, што ќе го означи стартот на нивната европска турнеја, соопшти СЏФ. Најдобриот британски џез-пијанист денес, Александер Хокинс, ќе дојде од Лондон во Скопје само за еден пијано џез-рецитал. Иновативниот гитарски херој Арто Линдзи ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не живее во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении. - Од Њујорк ни доаѓа веројатно најзначајниот и најкреативниот жив музичар во светот денес, трубачот Вадада Лео Смит, за единствена европска аудиовизуелна изведба на неговото ремек-дело „Reflections and Meditations on Monk”. Ексклузивен европски настап ќе има и култната њујоршка тројка „Хариет Табман“ (Harriet Tubman), предводена од еден од водечките светски џез-гитаристи, Брандон Рос, наведува фестивалот. Специјален гостин ќе биде Трстон Мур - некогашниот фронтмен на „Соник јут“ (Sonic Youth) и една од највлијателните, најинспиративните и најреспектираните фигури на денешната музичка сцена. - Со ексклузивни концерти ќе се претстават и младата скандинавска сензација, данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) со својот впечатлив аудиовизуелен перформанс, како и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк, најдобриот џез-перкусионист во 2018 година според списанието „DownBeat“. Од Финска, пак, за еден концерт доаѓа возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo), додава СЏФ. На последната фестивалска вечер Тони Китановски со концерт ќе одбележи 30 години музичка кариера. Тој ќе настапи прво со својот најнов проект, квинтетот „Панда 5“, промовирајќи го во живо новиот албум „Big City Scare”, а во вториот дел ќе му се придружат неколку негови музички пријатели и соработници. Фестивалот ќе има и богата придружна програма: доделување на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, промоција на албумот „Big City Scare” на „Панда 5“ - најновиот состав на Тони Китановски, како и отворање на изложбата „Духовите на Африка - ритуална западноафриканска уметност“, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград. Во рамките на 37. Скопски џез-фестивал ќе биде промовиран и манифест на Европската џез-мрежа (Europe Jazz Network) за родова еднаквост во џезот и креативната музика. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаРекордна цена на гасот во Европа, прв пат од 2022. Цената на гасот во Европа во понеделникот надмина 100 евра за мегават-час за прв пат од 2022 година, зголемена поради конфликтот на Блискиот Исток и ниските залихи пред зимата.Според податоците од берзата TTF, цената на фјучерсите за гас во еден момент достигна 100,785 евра за мегават-час, или околу 1.058 евра за 1.000 кубни метри, што е највисоко од енергетската криза поврзана со војната во Украина. Стапката на зафатеност на европските капацитети за складирање гас на крајот на октомври беше 74,6 проценти, што е далеку под вообичаеното ниво за овој период, а компанијата „Катар енерџи“ го продолжи прекинот на испораките до некои клиенти до крајот на декември, објави „Ројтерс“. Европските влади засега избегнуваат враќање кон скапи мерки како што се ограничувања на цените и намалување на даноците, бидејќи буџетите се оптоварени, а трошоците за позајмување се високи. Трговците стравуваат дека европските земји ќе се најдат во конкуренција со азиските земји за ограничени залихи на течен природен гас (LNG) како што се приближува зимата, објави „Блумберг“. Побарувачката од Азија би можела дополнително да ја засили конкуренцијата и да ги зголеми цените на бензинот, предупредуваат пазарните експерти.Тагови: Европа гасот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БалканПаника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите Необичен инцидент се случил во понеделник вечерта на летот на EasyJet од Приштина до Базел, кога меѓу патниците се случиле две последователни ситуации што предизвикале паника и страв во авионот.Според информациите што ги добил порталот KosovaNews од неколку патници, сè започнало околу половина час по полетувањето од меѓународниот аеродром во Приштина. Летот за Базел бил закажан за 20:05 часот, пишува Telegrafi.com. Прво, крвниот притисок на жена, за која се верува дека има околу 40 години, одеднаш ѝ паднал, а таа била во исклучително вознемирена состојба и на работ на несвестица. Екипажот на авионот веднаш побарал помош од патниците, прашувајќи дали меѓу нив има лекар. За среќа, во авионот бил и неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој работи во болница во Германија. По неговата интервенција и пружање прва помош, состојбата на патникот се стабилизирала. Порталот KosovaNews го контактирал Баралиу, кој потврдил дека инцидентот се случил и дека му помогнал на патникот. „Да, бев, заедно со стотици други патници, на летот на „ИзиЏет“ од Приштина до Базел, кој полета во 20:05 часот. Околу половина час по полетувањето, патничка во 40-тите години доживеа сериозна акутна аритмија, придружена со хипервентилација, вртоглавица, силна анксиозност и напад на паника“, рече тој, додавајќи: „Екипажот и пилотите побараа помош преку системот за јавно обраќање, прашувајќи дали има лекар во авионот. Без двоумење, станав и му пружив на пациентот стручна помош, во согласност со моите должности и професија. Во авионот имаше и млада медицинска сестра, која ни се придружи, заедно со екипажот, кои беа подготвени да ни помогнат и да не поддржат во секое време. По мојата интервенција, состојбата на пациентката се стабилизираше, па му предложив на екипажот да можеме да го продолжиме нашето патување без потреба од итно слетување.“ Сепак, ситуацијата во авионот не заврши тука. Околу половина час по првиот инцидент, втор патник, на возраст од околу 42 години, швајцарски државјанин по потекло од Косово , наводно одеднаш почнал да се однесува агресивно и насилно, без очигледна причина. Според сведоштвата на патниците, тој насилно го скршил внатрешното стакло на прозорецот до неговото седиште, што предизвикало страв и вознемиреност кај другите патници. Овој настан го потврдил и неврохирургот Валон Баралиу, на кого екипажот повторно се обратил за помош при проценка на состојбата на патникот. „Кратко по инцидентот со патникот за кој ви раскажав, слушнав бучава во задниот дел од авионот, кога еден патник, без очигледна причина, го скрши внатрешното стакло на прозорецот. Патниците во тој дел од авионот се исплашија. Маж, на околу 42 години, го скрши внатрешното стакло на прозорецот на авионот. Екипажот повторно ме замоли да ја проценам неговата психофизичка состојба. Кога му се приближив, иако изгледаше физички стабилен, не проговори ниту збор, ниту одговори на моите прашања“, рече Баралиу, продолжувајќи: „Не можам да потврдам дали во тој момент бил под дејство на некакви лекови или бил во состојба на ментално растројство или преоптоварување, без претходно да бидат извршени соодветни анализи. Потоа патникот бил следен од неколку други патници сè додека авионот не слетал на аеродромот во Базел, по што бил преземен од жандармеријата на аеродромот. Морам да нагласам дека екипажот на easyJet покажал исклучителен професионализам, човечност и подготвеност да помогне за време на двата инциденти. И покрај ситуацијата, членовите на екипажот „успеале да ја држат под контрола, дејствувајќи мирно и посветено“. Сведоци ја опишаа атмосферата во авионот како исклучително напната. Многу патници, вклучувајќи ги и семејствата со деца, доживеаа моменти на паника поради два последователни инциденти за време на летот. Брзата реакција на неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој му помогна на патникот на кој му се слоши, беше пофалена од екипажот, капетанот на авионот и другите патници.Тагови: Авионот паника Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗабаваКлое Кардашијан во проѕирен фустан на роденденската забава на сестра ѝ Ким (ФОТО)Клое Кардашијан се појави во издание кое привлече посебно внимание во прославата на 46-тиот роденден на нејзината сестра Ким Кардашијан. За луксузната семејна вечера во Беверли Хилс, таа избра полупроѕирен фустан во боја на кожа кој ја истакнуваше нејзината фигура. Под тесната креација носеше боди, а комбинацијата ја комплетираше со долги чевли во иста нијанса и елегантна бела чанта. Клое самоуверено позираше за фотографите пред да влезе во ресторанот Балди, сместен во хотелот Валдорф Асторија, каде што се одржа прославата. View this post on Instagram A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian) Семеен собир Сестрите Кортни Кардашијан (47) и Кајли Џенер (29) и мајката Крис Џенер (70) беа на вечерата со славеникот Ким. Им се придружи и братот Роб Кардашијан (39), кој ретко се појавува во јавноста во последните години. Единствениот член од најблискиот семеен круг кој не дојде на прославата беше Кендал Џенер. Честитки на социјалните мрежи Ким објави фотографија на Инстаграм како дува свеќи на голема црвена торта, а Кортни откри повеќе детали од раскошната прослава, вклучувајќи мени на кое пишуваше „Среќен роденден Ким“. Социјалните мрежи беа исполнети и со емотивни честитки. Клое посвети серија заеднички фотографии од патувања и разни настани на својата постара сестра. „Те сакам тебе и нашите авантури! Луди сме, но барем сме луди заедно“, напиша таа покрај една објава. На друга, додаде: „Засекогаш моја девојка! Засекогаш сум благодарна“. Особено емотивна порака ѝ испрати нивната мајка Крис Џенер, која нагласи колку е горда на своите достигнувања и посветеност на своето семејство. „Ти си неверојатна мајка, и гледањето колку ги сакаш своите деца ми го прави срцето толку среќно“, ѝ рече таа. Нејзината ќерка Норт Вест објави забавна фотографија од Ким како спие на фотелја. ѝ честитаа и многу познати личности, вклучувајќи ги Лорен Санчез Безос и Викторија Бекам.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter