МакедонијаЕксхумацијата откри насилна смрт на 35-годишна жена од Старо НагоричанеОткако пред еден месец семејството Мартиновски, од Старо Нагоричане, ја погребало својата 35 годишна ќерка Марија убедено дека смртта настапила како последица на алкохол, доживеле уште шок... по извршена ексхумација.Откако пред еден месец семејството Мариноски, од Старо Нагоричане, ја погребало својата 35 годишна ќерка Марија убедено дека смртта настапила како последица на алкохол, доживеле уште шок. По извршена ексхумација, обдукцијата покажала дека всушност станува збор за насилна смрт и најверојатно е уште една жртва на 25 годишникот кој беше уапсен за убиство на 78-годишна жена. „Ноќта пред нејзината смрт, во телефонски разговор со нејзниот брат таа рекла дека некој и тропа на вратата дека се плаши и ќе се сокрие“ раскажува потресен нејзиниот татко Зоран.Вели очекува правдата и вистината да излезат на виделина што поскоро.Раскажува за живтото на неговата ќерка, и открива детали што се случувало на денот кога таа од страна на нејзниите сосдки била пронајдена почината. „На моето друго дете, машкото, нему му се јави поселден пат, ноќе, и тоа беше ... околу 11, и му рекла мене ми е страв ми чука некој ..Чукал некој на вратата? Да така му кажала и после за 15 минути, 15 за 12, јас се скрив рекла да не ме види никој, чука некој.“ - Зоран Мартиновски – татко на М.Мартиновска (Радио Бум). Според изјавите на таткото, неговата ќерка и во минатото се пожалила дека сега осомничениот ја следел и и додевал, и дека истиот бил пријавен од нејзина страна во полиција, но полицајците, како што појаснува таткото, по пријавата отишле кај Т.Б. тој не бил дома и случајот бил оставен така. „Она пријави во полиција. Дојде, им кажа на полицјаците дека и додева, оние биле кај него и тој избегал го немало. И не превземаа мерки овие полицајците од тогаш...“ - Зоран Мартиновски – татко на М.Мартиновска. Минативе денови имаше сведоштва на жители на Старо Нагоричане дека, сега осомничениот го пријавувале во полиција, но немало епилог по пријавите. Осомничениот за случаите се наоѓа во 30 дневен притвор во зАтворот Куманово, а истрагата продолжува... Канал 5 испрати прашања до МВР дали внатрешна конторла ќе проверува дали од страна на полициските службеници било соодвено постапено, но оттаму во кус одговор посочија дека поради тоа што истрагата се уште е во тек во моментов не може да се споделат подетални информации. Тагови: Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook