МакедонијаЕксдиректорот на АНБ Виктор Димовски тврди дека Мицкоски не бил следен во негово времеОд јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера за Канал 5 одговорија дека е отворен предмет за трите известувањата што ги добиле од АНБ за незаконско следење.Одговорно тврдам дека тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер, во периодот од 2019 до 2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, ниту пак бил таргет кон кого биле применувани какви било оперативно-технички мерки – тврди поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски. По информациите од Агенцијата дека опозицискиот лидер, а сегашниот премиер Мицкоски, екс министер, јавен обвинител и група новинари незаконски биле следени од претходното раководство на АНБ во периодот од 2019–2024 година, кога со Агенцијата раководеа прво Виктор Димовски и потоа Заре Милошевски, Димовски во објава на ФБ упати јавно барање до актуелниот директор на АНБ, Христовски, веднаш да ги декласифицира сите документи поврзани со наводните злоупотреби, особено оние кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата. -Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања! Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот "класифицирани информации со степен на државна тајна", посебно после последните неколку објави во некои "информирани медиуми" кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници. - Виктор Димовски. Димовски во објавата единтвено признава дека е точно дека во наведениот период, согласно законските надлежности, како што вели, во АНБ имало постапка за преиспитување на безбедносните сертификати, за еден тогашен и сегашен пратеник, како што беше примерот со Драган Ковачки, поради оддавање класифицирана информација во електронските меидуми, за што била поднесена и кривична пријава... Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, прашан за случајот со АНБ, за чиј надзор е задолжена собраниската комисија со која претседава токму пратеникот од СДСМ, Миле Талески, кажа дека лично му верува на Виктор Димовски, но сепак го повика јавното обвинителство во целост да го расчисти случајот.. - Јас лично му верувам на Виктор Димовски. Но едно е моето мислење, друго е што ќе покажат информациите. И не сакам да бидам ничиј адвокат, како што не сакам мене да ми биде никој адвокат во јавноста, нека излезат информациите, па нека судат и експертите и јавноста, изјави Филипче. Расчистување на случајот правна разрешница и одговорност за овој скандал, најавува премиерот Мицкоски.. -Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата. Сакам да порачам: нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши, изјави Мицкоски. Од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера за Канал 5 одговорија дека е отворен предмет за трите известувањата што ги добиле од АНБ за незаконско следење но со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не може да се споделат детали за преземените и идните мерки и активности што предметниот обвинител ги спроведува во рамките на своите надлежности. од ВМРО-ДПМНЕ денеска прашаа и која е улогата во случајот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките за следење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20