Екс судијата Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови, сите други добија позитивно мислење за кандидатура за државен јавен обвинител - Канал 5

Екс судијата Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови, сите други добија позитивно мислење за кандидатура за државен јавен обвинител

Поранешниот судија Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови за да се кандидира за државен јавен обвинител. 

Екс судијата Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови, сите други добија позитивно мислење за кандидатура за државен јавен обвинител

Советот на ЈО утврди дека тој има стаж но е непрекинат. Членовите беа едногласни дека тој не ги исполнува условите и за него на денешната седница Советот нема да даде мислење.

Анита Тополова Исајловска, актуелната в.д државна обвинителка доби позитивно мислење од Советот на ЈО по кандидатурата за државен обвинител. Дел од членовите посочија дека се работи за обвинител со долгогодишно искуство, дека поседува углед, морални вредности и менаџерски квалитети. Сите членови дадоа глас таа да добие позитивно мислење.

За обвинителката Лидија Раичевиќ членовите исто така посочија дека е обвинител со интегритет и долгогодишно искуство и работела на многу тешки предмети. Раичевиќ доби исто така позитивно мислење.

И обвинителката Ленче Ристоска доби позитивно мислење од Советот на ЈО. За неа дел од членовите на Советот наведоа дека таа доставила програма и сметаат дека може да даде придонесе со својата работа. Рекоа дека се работи за обвинител со повеќе ангажмани, научни трудови и членува во повеќе работни групи.

Позитивно мислење од Советот доби и судијата Ненад Савески кој е кандидат за државен јавен обвинител. Според членовите се работи за кандидат со квалитети киј доаѓа од судиската фела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Поранешниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради дисциплинските санкции што му беа изречени додека беше на чело на турскиот клуб. 

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Судот во Стразбур ја прифати тужбата на разгледување и официјално побара изјава од турската влада, која има шест месеци да одговори, пишуваат турските медиуми.

Случајот произлегува од санкциите што му ги изрече Дисциплинскиот комитет за професионален фудбал (PFDK) на Турската фудбалска асоцијација за коментарите што ги даде по натпреварот против Трабзонспор во ноември 2024 година. Португалскиот стручњак потоа беше казнет со забрана за пристап до соблекувалната и казни во износ од неколку стотици илјади турски лири. Откако Арбитражниот комитет на Турската фудбалска асоцијација ја потврди првичната одлука, Мурињо одлучи да се обрати до Европскиот суд за човекови права.

Аргументи на тужбата

Во својата тужба, Мурињо наведува дека дисциплинските тела на Турската фудбалска асоцијација не се независни и дека неговите права на слобода на изразување се прекршени со казните што му се изречени. Тој исто така тврди дека не му била правилно доставена образложената одлука за казната, која, според него, му го одземала правото на фер судење.

Европскиот суд за човекови права забележува дека известувањето испратено до турската влада не го прејудицира исходот од спорот, туку го означува почетокот на официјалната постапка.

Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Фенербахче во 2024 година, а го напушти клубот во август 2025 година. Во тој период, тој го водеше тимот во 62 натпревари и постигна просек од 2,02 поени по натпревар. Тој моментално е на клупата на Бенфика, а медиумите го поврзуваат со можно враќање во Реал Мадрид доколку претседателот Флорентино Перез обезбеди нов мандат на чело на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат.

Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Во Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите.

Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови.

Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп.

За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер