Екс сопругот на Софија Вергара со врска со 13 години помлада актерка

Популарниот телевизиски актер Џо Манганиело, познат и како екс сопруг на една од најубавите актери на светот, „жешката“ Софија Вергара има нова девојка.

Два месеци по разводот од убавата Софија, 46 годишниот Џо Манганиело е снимен како излегува од теретана со 13 години помладата актерка Кејтлин О’Конор Перди.

По седум години брак, Џо се разведе од актерката Софија Вергара а сега веќе е снимен како заминува од теретана со друга девојка.

Џо цело време ја носеше нејзината торба за тренинг. Набрзо биле видени како заминуваат заедно со неговиот автомобил.

Инаку, Кејтлин О'Конор Перди е родена во Калифорнија, таа е американска актерка, модел и водителка. Работела на многу проекти, а голема популарност постигнала по појавувањето во серијата „Два и пол мажи“.

Гвардиола: Родри не заслужува казна од три натпревари, но правилата се правила

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека Родри поради се соочува со суспензија на три натпревари.

„Граѓаните“ викендот го победија Нотингем Форест (2:0) во 6. коло од Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Сити го фати за гуша играчот од средниот ред Морган Гибс-Вајт и доби црвен картон. Поради овој инцидент, според правилата најверојатно ќе биде суспендиран на три натпревари.

Доколку се донесе таква одлука, Родри нема да игра против Њукасл, Вулверхемптон и Арсенал.

Гвардиола поради повреди не може да смета ниту на Кевин Де Брујне, Бернардо Силва, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.

- Треба да разговарам со клубот, но имам намера да влијаам околу евентуална жалба. Според мене, потегот на Родри не е за казна од три натпревари, но правилата се правила. Родри треба да извлече поука од ова. Се надевам дека ова нема да се повтори, изјави тренерот на Манчестер Сити.

На 27 септември Манчестер Сити ќе игра против Њукасл во англискиот Лига куп. Во следните кола од Премиер лигата, Граѓаните ќе се сретнат со Вулверхемптон и Арсенал.

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

 На патот Делчево -  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Почна реконструкција на покривот на градинката во штипската населба Автокоманда

Почнува реконструкцијата на покривот на клонот „Развигорче“ во населбата Автокоманда, кое е во рамките на детската градинка „Вера Циривири-Трена“–Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид истакна дека по речиси половина век овој објект ќе добие нова покривна контрукција. Градежните активности почнаа денеска, а Јорданов најави дека по завршување на реконструкцијата на покривот ќе се постават и фотоволтаични панели.

-Започнуваме со активности за промена на кровната конструкција на клонот „Развигорче“ во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во населбата Автокоманда. Веднаш по завршување на реконструкцијата на кровната конструкција ќе се поставуват фотоволтаични панели на истата кровна контрукција, рече Јорданов.

Посочи дека инвестицијата е вредна повеќе од 11 милиони денари.

- Станува збор за проект поддржан од Амбасадата на Словенија.Повеќе од 11 милиони денари се обезбедени преку буџетот на Општина Штип и преку Словенечката амбасада за реконструкција на оваа кровна конструкција која повеќе од 45 години е стара, создаваше проблеми во воспитно-грижувачкиот процес на повеќе од 270 дечиња, рече Јорданов.

И покрај градежните активности, во овој објект се згрижуваат децата од претшколска возраст од штипската населба Автокоманда.

притисни ентер