Екс-шефот на БИА Раде Булатовиќ нов амбасадор на Србија?

Ќе добие ли Македонија честитка од соседна Србија за потпишувањето на договорот со Грција каква што не очекува.

Српските медиуми пишуваат дека Ивица Дачиќ ќе го назначи поранешниот шеф на разузнавачките служби БИА, наследничката на УДБА, Раде Булатовиќ за амбасадор токму во Македонија.

Како ќе ја разбере земјава оваа порака ако се знае дека се испраќа повторно за висок дипломат човек кој е од повисок ранг и место во однос на Горан Живаљевиќ агентот на БИА фатен во Собранието за време на инцидентот од 27 април лани, кого официјален Белград мораше да го повлече од амбасадата во Македонија пишува новинарот Лакиќевиќ за Пешќаник.

Во неговиот текст се коментира и молкот на српската влада но и на српската опозиција во однос на потпишувањето на историскиот договор меѓу Скопје и Атина со кој се предлага решение за новото име на поранешната југословенска република.

Тој ја отвора дилемата дали на Белград му е жал за така наречената Јужна Србија, и дали зад ваквите сопки на Србите на својата држава на патот кон ЕУ се кријат лични причини од раководството на Србија бидејќи сега некој друг станува омилен балкански политичар во Брисел, Берлин и Вашингтон, кој ги решава проблемите.

Екс шефот на БИА Раде Булатовиќ во моментов е амбасадор во Украина откако претходно Турција одбила да го прими за амбасадор во Истанбул.

Според српските медиуми Булатовиќ својата дипломатска кариера ја почнал во 1988.. Од 2000 до 2003 бил советник за национална безбедност на српскиот претседател Коштуница.

По убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ , Булатовиќ е уапсен во полициската акција „Сабја“ осомничен за „здружување поради непријателско дејствување а по три месеци целосно ослободен.

Од 2004 до 2008 за време на владата на Коштуница е директор на Безбедносната – информативна агенција. Неговото име се поврзуваше со мрежата на помагачи на криењето на Ратко Младиќ, но додека беше шеф на БИА беа испорачани и најголем број на обвинети од Србија.

Во отсуство на официјални реакции по предлогот, Булатовиќ да биде амбасадор во Македонија, единствено се огласи Алијансата за Албанците со став дека ова е тешка провокација за Македонија со барање до сите надлежни да ги преземат сите неопходни мерки за да не се прифати една таква провокација без претходно да се обелодени улогата на српскиот вработен во Амбасадата кој беше дел од толпата која насилно влезе во Собранието на 27 април, каде покрај другите страдаа претседателот на Алијансата Зијадин Села и сегашниот премиер Зоран Заев.

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

 Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс./МИА

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. /МИА

Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица

Полицијата заплени кокаин, хероин и канабис.

Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.

-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.

Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.

Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица. /МИА

притисни ентер