ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
3Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
СветЕкс премиерот на Малта е обвинет за корупција, случајот го истражуваше и убиената новинаркаПоранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, е обвинет за корупција во врска со скандалот, кој го истражуваше и познатата новинарка Дафне Каруна Галиција.Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците. Мускат е обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда. Заедно со него се обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера. Malta’s former prime minister charged with corruption over hospital scandal https://t.co/TpFy0DGNV4 — Guardian news (@guardiannews) May 9, 2024 Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментирал обвинението, но претходно негирал дека направил нешто незаконско. Се очекува да бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува на четири милијарди евра. За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“. Смртта на Дафна Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“. Малтешкиот премиер Роберт Абела, кој го наследи Мускат на чело на Лабуристичката партија, изрази сомнеж во истрагата за корупција, наведувајќи дека обвинението е покренато еден месец пред изборите за Европскиот парламент. Тој посочи дека „естаблишментот“ се обидува да го „украде суверенитетот“ на раководството на Малта. 🧵1⃣Last year, we launched the first in a series of investigations we're supporting with research and investigation coordination: a deep dive into the financial flows in the Malta hospitals privatisation deal. Revisit reporting by our project partners ⬇️https://t.co/HPcKrXbJjJ — Daphne Caruana Galizia Foundation (@daphnefdtn) April 30, 2024 „Секој ќе има можност да утврди дали истрагата почнала со претпоставка на вина. Се надевам дека тоа не е така“, рече тој. Како одговор, Бернард Грек, лидерот на опозициската Националистичка партија, го обвини Абела дека избрал „да застане на страната на агресорот наместо жртвите и дека ги избрал своите колеги наместо Малта и Малтежаните“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook