Екс полски министер проневери милиони. Побегнал во САД со новинарска виза - Канал 5

Екс полски министер проневери милиони. Побегнал во САД со новинарска виза

Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, по кого е распишана потерница поради низа сериозни кривични дела, избегал од Унгарија во Соединетите Американски Држави. 

Екс  полски министер проневери милиони. Побегнал во САД со новинарска виза

Бегството се случи откако новиот премиер на Унгарија објави дека неговата земја повеќе нема да ги штити бараните лица, со што ќе заврши заштитата што владата на Виктор Орбан му ја додели минатата година кога му беше доделен азил. Зиобро ги негира сите обвиненија, објавува „Гардијан“.

Откако партијата на Орбан беше соборена од власт на изборите во април, новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, кој положи заклетва завчера, рече дека Унгарија повеќе нема да биде безбедно засолниште за луѓе барани во други земји. „Унгарија повеќе нема да биде безбедно засолниште за криминалци барани на меѓународно ниво“, им рече тој на новинарите еден ден по неговата победа.

Маѓар во своето прво обраќање како примери ги наведе Зиобро и неговиот поранешен заменик, Марцин Романовски, кој е осомничен за проневера на речиси 40 милиони евра.

„Јас сум во Соединетите Американски Држави“, потврди Зиобро вчера за десничарската полска телевизиска станица Република. „Пристигнав вчера и ова е моето трето патување во земјата“, додаде тој.

Тој се соочува со затворска казна до 25 години во Полска доколку биде осуден. Обвиненијата против него вклучуваат злоупотреба на моќ, водење организирана криминална група и користење средства наменети за жртвите на криминалот за купување израелски шпионски софтвер Пегаз, наводно за шпионирање на политичките противници. Зиобро ги негира обвиненијата, обвинувајќи ја центристичката полска влада за „лов на вештерки“ против конзервативците.

Република ТВ вчера објави дека Зиобро е во САД, додека либералната ТВН24 објави фотографија од поранешниот министер на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти, за која тврди дека ја направил друг патник. Не е јасно како Зиобро успеал да патува во САД, бидејќи Полска претходно соопшти дека сите негови патни документи, вклучувајќи ги и неговите полски и дипломатски пасоши, се поништени. Локалната новинска веб-страница Онет објави дека Зиобро добил виза за американски новинар поврзана со Република ТВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Британската принцеза Кејт Мидлтон откри дека, додека растела, била голем обожавател на хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ, признавајќи дека тој ја фасцинирал. 

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Принцезата од Велс зборуваше за својата љубов кон тенисот уште во 2017 година, во документарниот филм на Би-Би-Си „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“, а нејзините изјави повторно го привлекоа вниманието на јавноста.

Осврнувајќи се на своето детство, Кејт откри дека Вимблдон заземал посебно место во нејзиното растење.

„Секогаш го следев Вимблдон. Тој беше дел од моето растење. Мислам дека е неверојатно важен дел од англиското лето и дека ги инспирира младите луѓе, исто како што ме инспирираше и мене кога бев помлада“, сподели принцезата.

Меѓу тенисерите што особено уживала да ги гледа, таа го издвои Горан Иванишевиќ.

„Го обожавав Горан Иванишевиќ; бев фасцинирана од него. Истото важи и за Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, призна Кејт, како што пренесува CdM.

Сопругата на Принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон уште од детството гаи љубов кон тенисот, а денес е редовен гостин на Вимблдон, каде што често им ги врачува трофеите на победниците.

Во истиот документарен филм, таа откри и дека нејзината мајка, Керол Мидлтон, има свој омилен тенисер.

Станува збор за швајцарскиот ас Роџер Федерер, кон кого нејзината мајка – како што низ шега призна Кејт – чувствува посебна наклонетост. Принцезата додаде дека нејзината мајка веројатно нема да се налути поради ова откритие, напоменувајќи дека Федерер можеби веќе е свесен за тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа

СДММ е со студентите - Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари.

СДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа

Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа. Еден месец по реконструкцијата, распад систем. Прво протекуваше вода од сите страни, немаше греење, сега пукна и бојлер.

За среќа, па нема повредени.

Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски?

Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно?

За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран!

Што добија студентите? Ништо. Ниту достоинствени услови за живот во домовите, ниту повисок студентски оброк – преживуваат со мизерни 140 денари студентски оброк.

Со вториот ребаланс власта ги скрати парите за образование, за реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови.

Нема повисок студентски оброк. Ете толку им е грижа за студентите. Мицкоски нема пари за младите, затоа што ги троши за своите криминални тендери.

Студентите заслужуваат достоинствен живот.

СДММ е со студентите. Бараме зголемување на студентскиот оброк на 200 денари, тоа е минимумот за пристоен и здрав оброк, за подобри услови за студентите.

Прес конференција на Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!

Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? 

ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!

Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава?

На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени!

ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија?

Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање?

„Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП).

ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер