Екс обвинителот во СЈО Бурим Рустеми сведочеше во „Рекет“

И обвинителот Бурим Рустемикој беше дел од тимот во СЈО, ги потврди наводите на Лиле Стафанова, дека Катица Јанева  побарала да се утврди штетата за предметите “Империја” и “Поштенска банка” и осомничените да не одат во затвор.

Во денешното сведочење за Рекет, Рустеми, кажа дека постапил по наредбата на Јанева и ја пресметал штетатат што осомничените ја направиле со кривичните дела во финансиската истрага „Поштенска банка“, но предложил и ублажени затворски казни, адекватни на признание на вина со спогодба, а не како што му наредила шефицата, само со плаќање на штетата.

Во сведочењето Рустеми спомена дека кога требало да се замрзне имотот на осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, Јанева побарала еден стан од имотот на Главчев кој се наоѓа во Скопје да биде тргнат од предлогот за замрзнување бидејќи тој бил продаден на како што рече Рустеми, нејзина пријателка или пријатели.

-Се работеше за голем имот, па тој стан немаше голема улога. После неколку месеци разговарајќи со колешката Лиле Стефанова, таа знаеше за станот, и по нејзините проверки дознала дека можно е сопственик на станот е Сашо Василевски, екс директор на МЕПСО и член на Советот на јавни обвинители. Таа информација не ми беше пријатна. – кажа Рустеми.

Во друг момент Јанева побарала да му се врати пасошот на осомничениот Главчев, со имотна гаранција, односно машини за производство на кошули во вредност од еден милион евра, рече Рустеми. За ова, тој дал позитивно мислење, бидејќи заклучил дека во ред била замената.

Овие одлуки на Јанева за да се затворат истрагите, Рустеми ги поврзал со начелното правно мислење на Врховниот суд , кое го спореди со амнестијата на поранешниот претседател Иванов.

Освен обвинителката, прашања до Рустеми не поставија ниту Јанева, ниту Бојан Јовановски. Според адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска во исказот немало ништо спорно.

За утре се повикани да сведочат водителката Лила Филиповска, шефицата на кабинет на Јанева, Сања Димовска, Весна Костовска и Агапи Дика.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер