СветЕкс хрвартски амбасадор во Русија: Украина во 2022 под притисок на Западот се откажа од миротЕкс хрватскиот амбасадор во Москва и политички аналитичар Божо Ковачевиќ за РТЛ го коментираа наводниот предлог на Владимир Путин за прекин на огнот во Украина, кој денеска го објави Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до рускиот државен врв.Според овој план, војната би застанала на сегашните линии на фронтот. Ковачевиќ вели дека ова не е првпат руски претставници да понудат преговори и крај на војната во Украина. „Овој пат, во различни пораки, пренесени тајно, не се споменуваат условите што Русија секогаш ги поставувала досега. Тоа беа три услови: денацификација, демилитаризација и неутрален статус на Украина. Но, останува условот од кој Русија најверојатно нема намера да се откаже, а тоа е дека анектираните територии на Украина остануваат под руска власт“, рече тој. Клучното прашање е дали претседателот Зеленски конечно може да се согласи на ова за да спречи натамошни жртви, објасни Божо Ковачевиќ. „Ова е притисок Зеленски да почне да преговара со Русите“ „Знаеме дека по преговорите во Истанбул во 2022 година, Украина предложи мировен договор со кој Русија се согласи, но под притисок на Западот, Украина се откажа од сопственото барање, а потоа претседателот Зеленски донесе одлука да забрани какви било преговори со Русија. Фактот што сега на Запад објавуваат индиции за можна руска подготвеност да стави крај на војната, покажува дека во политичките кругови на Запад и во јавноста полека созрева свеста дека војната во Украина, доколку ниту една од страните не попушти, ќе трае многу долго време. Исто така, постои зголемена загриженост поради зголеменото незадоволство и на американската и на европската јавност кон континуираната помош за Украина, без која Украина не може успешно да се спротивстави на Русија. Фактот што Ројтерс ја објави оваа вест може да се толкува како притисок врз политичките елити на Западот да му дозволат на претседателот Зеленски да преговара со Русите“, додава Ковачевиќ. Сепак, вели дека е тешко да се каже дали ова е одлучувачки момент. „Знаеме дека САД и колективниот Запад подготвуваат меѓународна конференција во Швајцарија, а не ја поканија Русија да учествува. Руските пораки се јасни. Ниту една конференција за Украина на која Русија не учествува не може да даде задоволителни резултати. Руската страна пласира дека е подготвена за преговори, и може да значи дека Русија пред почетокот на таа конференција треба да покаже дека е подготвена за договор и особено би била задоволна доколку се постигне мировен договор пред конференцијата, но тоа е сосема малку веројатно“, заклучи Божо Ковачевиќ. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter