Економското училиште во Велес слави 65 години посветеност на образованието и македонскиот јазик - Канал 5

Економското училиште во Велес слави 65 години посветеност на образованието и македонскиот јазик

Со завршна приредба насловена „За македонските работи“, учениците и вработените во Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ – Економска ја заокружија богатата програма по повод 65 години од самостојното работење на училиштето. 

Економското училиште во Велес слави 65 години посветеност на образованието и македонскиот јазик

Настанот се одржа во големата сала на Општина Велес, пред присутни гости, професори, ученици и поранешни вработени.

Поетско-музичкиот перформанс беше посветен на македонскиот јазик, литературата и културното наследство, а инспирација беа делата на Кирил Пејчиновиќ, Крсте Петков Мисирков, браќата Миладиновци, Коста Солев Рацин, Блаже Конески и Горан Стефановски.

Како што објасни професорката Жаклина Ивановска Зафирчева, која го подготвуваше настапот со учениците, во изведбата учествуваа 22 ученици од прва до четврта година, кои се подготвувале интензивно околу еден месец.

-Перформансот е посветен на сите наши дејци и писатели кои придонеле за развојот и континуитетот на македонскиот јазик. Пораката е да го чуваме и негуваме јазикот и делото на сите што придонеле за неговото кодифицирање – од Мисирков и Конески па сè до денес, истакна Ивановска Зафирчева.

Во рамките на јубилејната програма, во Кариерниот центар на училиштето беа поканети претставници од бизнис-секторот, а со деветоодделенците од велешките основни училишта беше одржана едукативна работилница од областа на економијата, маркетингот и трговијата.

Покрај тоа, беа организирани и спортски натпревари во повеќе дисциплини, на кои учествуваа екипи од неколку средни училишта од Велес.

Со овој свечен настан Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ го заокружи одбележувањето на 65 години успешно образование и воспитување на генерации ученици – традиција што го вбројува училиштето меѓу најстарите економски училишта во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата.

Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж.

Идентитетот е непознат

Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата.

Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата.

Историското значење на летот

CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23.

Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Последните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. 

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година.

Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место.

Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски.

Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс.

Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи.

Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер