Економско-социјалниот совет од утре почнува расправа за законот за плати

Нема ништо добро во предлог-законот за плати, па затоа сите синдикати од јавниот сектор заеднички преку декларација ќе побараме тој во целост да се повлече.

Нема ништо добро во предлог-законот за плати, па затоа сите синдикати од јавниот сектор заеднички преку декларација ќе побараме тој во целост да се повлече, вели за Канал 5 претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. Според него мора да има друго соодветно законско решение што нема да ги „укинува“ синдикатите и ќе овозможи раст на платите со кои ќе може да се преживее во Македонија, особено во време на инфлација.

-Ние како синдикати од јавниот сектор на иницијатива на Синдикатот на Клинички направивме и тркалезна маса во врска за овој закон. Таму говоревме речиси сите Синдикати од јавниот сектор, па наредната недела ќе објавиме декларација што таму ја договоривме, дека не се согласуваме со предлог текстот на законот и дека бараме веднаш да биде повлечен.Многу е лоша математиката што ја направи владата, оти тие мислат дека со воведување на минималната, како дел од основната плата, сите плати во јавниот сектор ќе се усогласуваат само со пораст на минималната, што е многу лошо решение.--Трпе Деаноски - Претседателот на Синдикат на УПОЗ.

Деаноски вели оти властите се лажат дека со раст на платите од 300, 500 или 1200 денари еднаш годишно јавниот сектор ќе биде задоволен, бидејќи и сега, според пресметките на синдикатите, за да се прехрани четиричлено семејство потребни се две и пол минимални плати.

Во меѓувреме, и од приватниот сектор, односно од Организацијата на работодавачи велат дека нема да бидат неми набјудувачи на дискусиите за законските решенија за платите, па и тие ќе дадат свои предлози.

-Не сакаме да седиме на страна и само да чекаме и да гледаме што ќе произлезе од расправата помеѓу владата и синдикатите. И ние дирекно ќе се вклучиме со наши предлози. Тие предлози ќе се однесуваат околу тоа растот на платите во јавниот сектор да мора да го следи растот на платите во приватниот сектор, а и растот на продуктивноста, бидејќи од тој раст на продуктивноста зависи и стандардот на сите вработени во државата.--Ангел Димитров – Претседател на Собрание на Организацијата на работодавачи.

Предлог-законот за плати е во фаза на јавна расправа, односно, текстот се уште не е целосно утврден. На барање на Синдикатите за новиот Закон за плати и преговори за Колективниот договор за јавниот сектор ќе има расправа на Економско-социјалниот совет. Советот кој е составен од владини претставници и раководствата на синдикатите треба да заседава од утре.

ОН: Иран можеби изврши злосторство против човештвото

Иранските власти потенцијално извршиле злосторства против човештвото во последните месеци, изјави денеска експерт на Советот за човекови права на Обединетите нации.

Тој наведе случаи на убиства, притворање, исчезнувања, тортура, силување, сексуално насилство и гонење.

Протести има ширум Иран откако иранската Курдка Махса Амини почина во полициски притвор во септември минатата година. Говорејќи пред Советот со седиште во Женева, британско-пакистанскиот адвокат Џаваид Реман, назначен за специјален известувач за човекови права во Иран, рече дека има докази дека Амини починала „како резултат на тепање од страна на државната полиција за морал“.

Иранските власти тврдат дека обдукцијата покажала дека Амини починала од претходно постоечки медицински состојби, а не од удари во главата и екстремитетите. Реман посочил дека обемот и тежината на злосторствата извршени од властите за време на задушувањето на протестите предизвикани од случајот Амини „укажуваат на можно извршување на меѓународни злосторства, особено на злосторства против човештвото“.

Тој изразил огорченост поради егзекуцијата на најмалку четири лица поврзани со протестите и рече дека од јануари оваа година во Иран по „многу нефер судења“ биле егзекутирани вкупно 143 лица. Амбасадорот на Иран во Советот, Али Бахреини, рече дека обвинувањата се измислени и дека Иран е цел на прогон.

Се јави водителката, која се онесвести среде емисија: Овој пат не е срцето (ВИДЕО)

Метеорологот од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.

„Благодарна сум што овој пат не беше срцето. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, затоа“, напиша таа на Инстаграм.

Инаку, Шварц се осврна на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година ѝ се слошило за време на прогнозата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рече дека „ќе мора да направи кратка пауза“.

Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.

Хаос во Париз: Полицијата ги претепува демонстрантите, вечерва уапсени над 70 лица (ВИДЕО)

По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите.

Вечерва почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи демонстрации.

Само вечерва во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги разбива протестите, спречувајќи ја толпата да се групира и да создаде барикади и блокади.

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата трча и интервенира со брутална сила.

Француската влада денеска го преживеа гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа.

Пензиската реформа која ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.

притисни ентер