Еколошка катастрофа во Бугарија: Тони мртва риба во езерото Варна (ВИДЕО)

Бугарските власти направиле увид во состојбата на езерото Варна , откако на социјалните мрежи се појавиле видеа на кои што се гледаат тони угината риба покрај брегот.

Активистите за животна средина апелираа до локалните власти , како и до државните органи да испитаат што е причината за оваа еколошка катастрофа. Според медиумите , увидот не покажал конкретни резултати за причината за угинувањето на стотиците илјади риби , што дополнително ги налути активистите .

Градоначалникот на Варна , Иван Портних , на прашање на новинарите кратко изјави дека причината за поморот во никој случај не е одводниот канал во езерото.

Тој тврди дека канализационата цевка е далеку од местото на поморот и дека најверојатно рибит еугинале поради недостаток на кислород предизвикан од развој на планктонот.

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен

 Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“.

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected].

Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

- Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

притисни ентер