Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
1Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
МакедонијаЕкоактивистите од струмичката котлина стравуваат дека ќе се активира рудникот Иловица – Штука Екоактивистите од струмичката котлина повторно го креваат гласот, по сознанијата дека бугарски и албански моќници заткулисно подготвуваат терен за активирање на рудникот Иловица – Штука.. Граѓанските и невладините организации кои се дел од неформалната иницијатива за спас на струмичката котлина алармираат дека повторно концесионерите задкулисно работат на отворањето на рудникот Иловица – Штука. Според нивните информаци структури поврзани со локални моќници поврзани со поранешна албанска партија од власта и бизнисмени од Бугарија продолжуваат со остваруавњето на планот за отворање на рудникот кој струмичани го прогласија за еколошка бомба. *Нема да се дозволи во никој случај криминалци како Галена на Иван и Цоло Вутов да ги трујат нашите семејства да ја загадуват нашата земја. *Нема да се дозволи бандата на Дестани од Тетово преку Иван и Цоло Вутов да ја уништува Струмичката котлина. *Сите сретства и можности ќе се употребат да се спречи таа криминална активност на Бугарската и Албанската мафија да не прават рудник во Иловица и Штука. Битката против отворањето на овие два рудника кој се на планира на Огражден на само километар до два воздушна линија од селата Иловиц и Штука трае со години и сеуште нема дефинитивна разврска. Стравот сеуште постои дека во струмичката котлина ќе никне рудник за злато и бакар со отворен тип на ископување каде ќе се употребуваат и кисели при обработката кој ќе значи крај за производството на храна. Инаку досега се одржани 19 протести и доста трибини против отворањето на овој рудник. Во еден период Владата ја одзеде концесијата, па потоа со влезот на друг инвеститор проблемите со отворањето повторно се актуелизираа. Еко активистите со години бараат власт да им помогне и конечно да стави крај на сите можности да се отвори рудник во Струмичко. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЕкономијаВо Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетотВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.Тагови: ребаланс на Буџетот собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјаваВицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски. На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter