Еклстоун: Хамилтон следната сезона нема да се врати во Формула 1

Берни Еклестоун е убеден дека Луис Хамилтон нема да се врати на патеката во улога на возач по разочарувачкиот исход од сезоната во која до последниот круг беше во трка за својата осма титула.

Тој не ја освои затоа што беше поразен во драматично финале од Макс Верстапен, кој на тој начин ја освои својата прва светска титула.

Поранешниот шеф на Формула 1 дошол до тој заклучок по разговорот со таткото на Хамилтон, а открил и кон што би можел да се сврти седумкратниот светски шампион во Ф1 во иднина. Своите напори ќе ги насочи кон светот на модата.

"Мислам дека нема да се врати, мислам дека нема да се трка следната сезона. Тој е страшно разочаран од исходот на трката во Абу Даби. Можам да го разберам. Со седум титули е изедначен со Михаел Шумахер и сега е вистинското време да го исполни својот сон и да стане претприемач во светската мода“, изјавил Еклстоун.

Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски се заблагодари што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, покажуваат примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Град Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".

Ова го покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, во кој земените 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 47 мерни места во град Скопје, во периодот од 10 до14 јануари 2022 покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Снежно невреме во источниот дел на САД, 200.000 домаќинства без струја

Силно снежно невреме го погоди источниот дел на САД, поради што дојде до прекин на електричната енергија. Повеќе од 200.000 домаќинства во Џорџија, Северна и Јужна Каролина се без струја.

Властите ги предупредија граѓаните да се воздржат од патување поради лошите временски услови. Откажани се 3.000 летови, а 8.000 полетале со доцнење.

Снежното невреме стигна и до Канада, каде за само неколку часа паднаа 20 до 40 сантиметри снег.

притисни ентер