3Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
2Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ФормулаЕклстоун: Гран при на Германија под знак прашалникГодинашната трка во Формула 1 за Големата награда на Германија во Нирнбургринг е под голем знак прашалник, ако се имаат во предвид изјавите на сопственикот на Ф1 Берни Еклстоун.Иако веќе е предвидено трката да се одржи на 19 јули, можно е и да не се случи поради финансиски проблеми на новиот сопственик. - Се сретнав со новиот сопственик минатата недела и тој Русин не ми изгледаше премногу заинтересирани да потроши пари, иако е очигледно дека сака трка, истакна Еклстоун. Новиот мнозински сопственик на Нирнбугринг од октомври е рускиот милијардер Виктор Каритонин, кој своето богатство го заработил во фармацевтската индустрија. Еклстоун изјави дека повеќе би сакал трката во Германија да се вози во Хокенхајм. Минатата година на трката за Големата награда на Германија присуствуваа само 52 илјади гледачи, нешто повеќе од претходната година кога во Нирнбургринг беа присутни 45 илјади љубители на Ф1. - Не знам зошто Германците не се заинтересирани за оваа трка, кога имаат еден таков шампион како што е Фетел, истакна Еклстоун. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
ФудбалОсуден е швајцарскиот фудбалер Гранит Џака Фудбалерот Гранит Џака е казнет со условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради случај поврзан со фалсификувана потврда за ковид. Оваа пресуда на швајцарското обвинителство во Луцерн ја обелодени самиот капитен на репрезентацијата, нагласувајќи дека целосно го прифаќа исходот од правниот процес. Санкцијата се формулира преку 50 дневни тарифи во износ од по 3.000 франци, со рок на верификација од 24 месеци. Доколку во тој период не го прекрши законот, финансиската обврска нема да се активира, додека судските трошоци се веќе подмирени. По завршувањето на овој случај, играчот се огласи преку социјалните мрежи: - Пред неколку недели лично се огласив овде и кажав дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Јас стојам на тоа. Откако дадов целосен исказ во јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука. Бев осуден на условна парична казна од 50 дневни износи од по 3.000 швајцарски франци, со условна казна од две години. Тоа значи дека казната нема да се изврши доколку во тој период не сторам ново кривично дело. Јас веќе ги платив трошоците за постапката. Ја прифаќам одлуката и преземам одговорност. Ви благодариме за многуте пораки за поддршка во изминатите неколку недели. Многу ми значат - изјави фудбалерот. За потсетување, оваа афера до медиумите стигна во средината на септември кога весникот „Блик“ ја објави веста за покренување на истрагата. Неколку дена подоцна, спортистот призна дека во текот на 2022 година добил неправилна потврда, оправдувајќи ја со моменти на страв и сомнеж во врска со имунизацијата.Тагови: Гранит Џака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусотМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени. Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања. „Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски. На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите. Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот Градското собрание во германскиот град Тутлинген е опколено, а пошироката област околу зградата е блокирана. Полицијата распореди сили околу градското собрание, а денеска околу пладне потврди дека имало „употреба на огнено оружје“. Според весникот „Билд“, полицајците пукале во лице кое претходно наводно го извадило своето оружје. Криминалната полиција на Германија од Баден-Виртемберг ја презеде истрагата. Портпаролката Александра Вишер изјави за „Билд“ дека засега можат само да потврдат дека полицијата употребила огнено оружје и дека едно лице е погодено. Полицијата сè уште не објавила дали повредениот им подлегнал на повредите. Вишер најави дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот. Сè уште не е официјално потврдено што точно се случило пред градското собрание на улицата Хелферајшер. Весникот „Швабише“, повикувајќи се на сведоци, наведува дека лице со оружје претходно било пред зградата или во самата зграда. Тешко вооружени полицајци во заштитна опрема потоа пристигнале на местото на настанот. Сведоци на пукотницата му кажале на порталот дека слушнале вкупно пет истрели. Полицијата ги предупредила граѓаните преку WhatsApp да ја избегнуваат областа.Тагови: Германија пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook