МакедонијаЕкипи на „Национални шуми“ дежураат на подрачејто на ДлабочицаПожарот во село Длабочица, општина Старо Нагоричане е изгаснат околу 19 часот вчера, но екипи на „Национални Шуми“ дежурале во текот на ноќта, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од „Национални шуми“. Според првичните проценки, опожарени се 50-тина хектари мешана шума, бор, даб и ниска вегетација. Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски информираше дека биле ангажирани две противпожарни возила, седум пожарникари, тринаесет лица од кумановската подружница на „Национални Шуми“. Заменик на генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов изјави дека нивни екипи ќе дежураат и во текот на денот, за да не дојде до повторно разгорување на огнот. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале и на пожар во село Коинце каде горела плевна Кумановските пожарникари пак, интервенирале на опожарена површини, сува трева, житни култури, лозје, нискостеблеста шума со површина од околу 50-тина хектари, пренесе информација РЦУК Куманово. Во интервенцијата се вклучило и локално население. Пожарникарите од Куманово гаселе и ѓубре во Средорек и интервенирале на опожарен автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако до високо образование според потребите на економијата?Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат – на земјата и требаат практичари а не само теоретичари порачаа учесниците на денешната конференција која се одржа во Стопанска комора, насловена од диплома до компетенции... Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во својот вовден говорсо порака - не смееме веќе да штанцаме програми кои не се тесно поврзани со реалниот пазар, вели високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развој. „Долго време ние во високото образование меревме успех со бројот на запишани студнти, издадени дипломи и факултети. Но денес мора искрено да признаеме на економијата не и требаат само дипломи и требаат знаење иновации, знаење, вештини и носечки кадри ...Нас ни треба реално нова генерација на инженери, ит експерти, машински електроинженери, енергетичари, значи ни требаат проактичари не само теоретичари... “- Марјан Ѓуровски – универзитетки професор. Учесниците на конференцијата децидни студиските програми мора да се креираат заедно со стопанството ако државата сака да оди напред. Од Стопанската комора потенцираа дека не смее академијата и бизнисот да живеатт во различни светови... „Нашите приоритети сега се образованието и инфраструктурата затоа што конечно сфативме без тоа не може да имаш конкурентен производ. А ако немаш конкурентен производ ќе ја изгубиш битката а ако имаш ќе се бориш на европските пазари...Продуктивноста која ни е на најниско ниво може да се реши само на еден начин со високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија си потпишала смртна пресуда...“ -Бранко Азески – претседател на Стопанска комора . Целта на денешната конференција беше да се отвори национален и регионален дијалог за трансфорамција на високото образовани во функција на економски развој, конкурентност, инвоации, како и создавање квалитетен кадар но и задржување на младите во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во ТиватЛидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската унија, денеска се собираат во Тиват, Црна Гора, каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.Македонската делегациа ја предводи премиерот Мицкоски кои пред официјалните имаше средба со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц. Со слика одиме во директно во Тиват, таму е колешката Афродита Рамос. Афродита, за почеток како поминали средбите на премиерот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе се набавуваа опрема за подобрување на хигиената во општинитеМакедонските општини ќе добијат 49 нови возила за подобрување на состојбата со хигиената, во вредност од 4,2 милиони евра, а со поддршка на Светската банка. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објасни дека станува збор за 19 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, 9 специјализирани камиони и 21 машина за чистење улици. Тој најави и нови разговори со мисијата на Светската банка за идни проекти. Од овие возила, околу 40 ќе бидат наменети за Град Скопје, а како што посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот дополнително ќе обезбеди уште четири нови возила, како и две претоварни станици кои ќе бидат поставени во Ѓорче Петров и Гази Баба, со што очекува значително подобрување на ефикасноста во транспортот и собирањето на отпадот. -Ова е најголем инвестициски циклус во општините ќе продолжиме во следниот период, веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините,- - Александар Николоски – министер за транспорт. -Кога влеговме во град Скопје пред само 6 месеци затекнавме состојба од 16 возила, во моментов имаме од 50 до 60 возила на дневна основа кои се занимаваат со одлагање на смет, проблемот е што најголем дел од нив се стари. Очекуваме близу 40 возила за Градот Скопје од оваа набавка,- - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Дополнително, според најавите на Ѓорѓиевски, за околу еден месец во Скопје треба да пристигнат 2.600 нови контејнери. Градоначалникот посочи и дека во меѓувреме биле надминати дел од финансиските проблеми во ЈП „Комунална хигиена“, меѓу кои и неисплатени плати и високи трошоци за работење. -- На многу од микролокациите во главниот град знаете дека недостасуваат контејнери со години се непроменети, така да и тој проблем го решаваме и сметам дека од септември месец повеќе темата со отпадот нема да биде во јавноста третирана на начин како што беше до сега,- Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Николоски кажа и дека во рамки на проектот за локални патишта, а со подршка од Светската банка и ЗЕЛС, од јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра, при што се реконструирани 96 улици во 72 општини низ државата, а во тек е реконструкција на уште 31 километар патишта. Ѓорѓиевски пак најави дека во наредниот период ќе се инвестира и во развојот на велосипедската инфраструктура и пешачките патеки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook