ТехнологијаЕкипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на земјатаСветот вечерва го следи финалниот чин од една од најзначајните современи вселенски мисии, откако екипажот на програмата NASA влегува во завршната и најризична фаза – враќањето на земјата по успешната орбитална мисија околу Месечината.Вселенското летало „Орион“ ќе навлезе во атмосферата со огромна брзина, при што неговата надворешна обвивка ќе биде изложена на екстремни температури и силно триење. Во текот на овој процес, околу капсулата се создава плазмен слој, што е нормална појава при т.н. ре-ентри и привремено може да предизвика прекин во комуникацијата. Поради интензивното загревање, леталото од земјата ќе изгледа како огнена топка – визуелен ефект кој е карактеристичен за сите вселенски капсули при враќање. Сепак, заштитните системи се дизајнирани да издржат вакви екстремни услови и да обезбедат сигурност на екипажот. По најкритичниот дел од спуштањето, капсулата ќе ги активира падобраните за забавување, по што ќе следи контролирано спуштање во океанот, каде што тимови за спасување ќе го преземат екипажот. Оваа мисија е дел од програмата Artemis Program, која има за цел враќање на луѓето на Месечината и поставување темели за идни мисии кон подалечни дестинации во вселената.Тагови: Артемис 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМуцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во СкопјеЗад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени.„Денеска имав задоволство да се сретнам со Мат Киатипис, едно од најпрепознатливите имиња на глобалната 1-на-1 кошаркарска сцена, кој деновиве престојува во Скопје. Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени од страната на неговата мајка, а оваа посета е можност одблиску да ја запознае земјата од која потекнува дел од неговото семејство. Разговаравме за спортот како мост меѓу луѓето, за моќта на новите дигитални платформи, но и за значењето на одржувањето на врската со новите генерации Македонци ширум светот. Корените поврзуваат, без разлика каде сме родени и каде живееме. Welcome Matt [🇲🇰] [🏀]“- стои во објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски Тагови: Мат Киатипис Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОбвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“Една недела пред истекот на крајниот рок за притворот на Артан Груби, Обвинителството поднесе обвинение против него и против уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“. Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор. Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот. И покрај тоа, во 2023 година била започната постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари. Информацијата стигнала до генералниот секретар на Владата, кој ја ставил како дополнителна точка на дневен ред, иако, според обвинителството, требало да ја упати до надлежниот орган. Со тоа, според обвинението, бил заобиколен пропишаниот начин на одлучување и била отворена патеката за набавката, со која според обвинителството, на Државна лотарија и била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра. -Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво. – соопштија од Обвинителството За останатите шестмина обвинети, Обвинителството бара мерки на претпазливост, јавување во Судот, одсемање на патните исправи и забрана за приближување и воспоставување конракти со определени лица. Инаку, Артан Груби беше недостапен за органите на прогонот од декември 2024 година, кога ја напушти земјава и по него беше распишана меѓународна потерница. По повеќе од 14 месеци бегство, на 23 февруари годинава се врати во Македонија преку Блаце и беше приведен. Иако претходно му беше определен притвор во отсуство, по враќањето мерката му беше заменета со куќен притвор, со 24-часовен полициски надзор, поради проценка дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаЧетврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензииСо свечена седница во Владата и пораки за стабилност, Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Централната прослава продолжува вечерва на камен мост со уметничко-музичка програма, додека опозициската ДУИ организира сопствен настани. Токму таму е нашата Маја Стојановска. Дали почна одбележувањето организирано од ДУИ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook