Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести
2Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести
3Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
БалканЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо, а жалбите дека имало нерегуларности за време на локалните парламентарни избори во Србија треба соодветно да се истражат, соопшти денеска ЕК.„Европската Унија повикува на мир и дијалог“, соопшти Европската комисија на барање на телевизијата Н1 да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември. „Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото“, велат од Европската комисија. Како што додаваат, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“. Во изјавата објавена на 19 декември, Борел и Вархеји изразија очекување дека „веродостојните извештаи за (изборни) нерегуларности ќе бидат разгледани на транспарентен начин од надлежните органи на Србија“. „Ова ги вклучува наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини. Го повикуваме политичкото раководство на Србија да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар“, порачаа Борел и Вархеји. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПредизборен молк пред вториот крут на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПротести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протестиВо Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик. Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол. Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата. На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд. -Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска. Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите. „Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант. Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите. Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.Тагови: Полска протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц. Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси. Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот. Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми. Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter