Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
1Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаЕК за следната недела закажа состанок со министри од Западниот Блакан околу проблемите на превозницитеЕвропската комисија за следната недела закажа состанок со министри од шесте земји од Западниот Балкан околу прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната.Европската комисија за следната недела закажа состанок со министри од шесте земји од Западниот Балкан околу прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната, најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт. - Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западниот Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите партнери во регионот. Во средата оваа недела се одржа средба меѓу Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западниот Балкан во ЕУ, а за следната недела е закажан и дополнителен состанок со министри од овие засегнати земји, рече Ламерт. Тој нагласи дека Европската комисија е целосно посветена на прашањата што ги иницираа превозниците, па оттаму и со вчера објавената Стратегија за визите се предвидува тесна соработка со земјите членки „за да идентификува прагматични решенија што може да се осигурат безбедност и економска корист за ЕУ, како и правна јасност за патниците“. - Врз основа на размислувањата ќе се разгледа и воведување на ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен кус престој на ниво на ЕУ, додаде Ламерт. На новинарско прашање кога би можеле да се очекуваат тие нови правила, Ламерт одговори дека засега не би можел да даде никаква временска рамка. Во однос на забелешките на превозниците на воведувањето на Системот за регистрација на влез и излез (ЕЕС), Ламерт нагласи дека со него не се воспоставуваат нови правила за престој во Шенген зоната, туку и натаму низ цела Европа се во сила истите правила што важат со години. - Би сакал одново да ги повторам правилата. Според правилата на Шенген зоната, граѓаните на земјите ослободени од визен режим имаат право да останат во Шенген зоната до 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој подолг од ова мора да биде покриен со различна форма на виза, на пример, со виза за долг престој или дозвола за престој издадена од земја членка. Нема нови правила, истакна Ламерт. Тој додаде дека постои одредена флексибилност околу прекугранични работници, кои секојдневно ги минуваат границите на ист премин, но тоа не важи и за останатите. - Свесни дека некои професионалци имаат потреба да престојуваат во Шенген зоната подолго од 90 дена во периодот од 180 дена. Ова вклучува професии како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Тоа регулирано со национални правила, како и со постоечките билатерални договори, истакна портпаролот. Ламерт додаде и дека ЕЕС, чие постепено воведување започна лани во октомври, претставува многу важен чекор напред за ЕУ и нејзината колективна безбедност, бидејќи ја зајакнува безбедноста на заедничките граници и на Унијата како целина и го прави патувањето полесно за сите патници. Според него, на ЕЕС системот досега се поврзани 23 милиони субјекти и се регистрирани 12.000 прегледи на влезови. Ламерт потсети дека целосната примена на ЕЕС треба да започне во април, но ако се појават некакви проблеми и застои, особено во текот на летните месеци, периодот за негово постепено воведување може да биде продолжен до септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции. Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем. „Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска. Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook