ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата - Канал 5

ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата

- Растот на БДП забрза во 2024 година, поттикнат од инвестициите и јавната потрошувачка. Вкупната инфлација продолжи да опаѓа, но сепак повторно се зголеми кон крајот на годината, главно поради базните ефекти, се наведува во прогнозата. 

ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува во 2025 година, поддржан од големите јавни инфраструктурни проекти и зголемената потрошувачка на домаќинствата, како резултат на силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата, се наведува во Економската прогноза „Пролет 2025“ на Европската комисија во делот посветен на земјава.

- Растот на БДП забрза во 2024 година, поттикнат од инвестициите и јавната потрошувачка. Вкупната инфлација продолжи да опаѓа, но сепак повторно се зголеми кон крајот на годината, главно поради базните ефекти, се наведува во прогнозата.

Според ЕК, реалниот македонски БДП во 2024 година се зголемил за 2,8 отсто, на што покрај растот на инвестициите и јавната потрошувачка, влијание имало и зголемувањето на платите во јавниот сектор.

- Придонесот на надворешниот трговски биланс кон растот беше негативен поради забавувањето на извозот, во голема мера како резултат на слабоста на германската економија, најголемиот трговски партнер на Северна Македонија. Буџетската сметка во 2024 година повторно се врати во дефицит, бидејќи се влоши трговската размена на стоки, а се намалија и дознаките од странство, се наведува во документот.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК додава дека фискалниот дефицит во 2024 година се покажал помал од ревидираната цел на Владата, делумно поради недоволна имплементација на капиталните расходи.

- Иако постепено ќе се намалува во текот на прогнозниот период, фискалниот дефицит веројатно ќе остане над четири отсто од БДП и во 2025 година, бидејќи недостасуваат конкретни мерки за зголемување на приходите, додека тековните расходи се очекува значително да се зголемат, се оценува во документот.

Според ЕК, реализацијата на проектите во рамки на трансевропските коридори 8 и 10д, ќе даде силен поттик кон домашната побарувачка во 2025 и 2026 година, со оглед на високиот удел на домашни вложувања, а се предвидува и понатамошното зголемување на платите и пензиите, намалување на инфлацијата и олеснување на условите за кредитирање, што се заедно ќе обезбедат поттик за потрошувачката на домаќинствата.

- Сепак, се очекува нето извозот да го забави растот во двете години, со оглед на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено во автомобилскиот сектор, како и на зголемувањето на странските вложувања за поттикнување на инвестициите и извозот. Сепак, негативното влијание на надворешната рамнотежа врз растот би се намалувало секоја година врз основа на очекувањата за постепено зајакнување на надворешната побарувачка и зголемување на капацитетите за производство на метали, кои се клучен извозен производ, се наведува во прогнозата.

ЕК наведува дека добро прилагодената монетарна политика и намалувањето на притисоците врз цените од увоз резултира со намалување инфлацијата во 2024 година во просек на 3,5 отсто. Во документот се потенцира дека како резултат на укинувањето на контролните мерки на цените на основните прехранбени производи инфлацијата забележа раст лани во септември, но и дека секундарните ефекти од високите цени на енергијата и храната врз другите сектори полека се намалуваа.

- Централната банка постепено ја намалуваше основната каматна стапка од 6,30 отсто во септември 2024 година на 5,35 проценти во февруари 2025 година. Се предвидува дека инфлацијата ќе остане над два отсто во 2025 и 2026 година, со потенцијални притисоци врз домашните цени од растот на платите и кредитите, се вели во прогнозата.

Комисијата посочува и дека во втората половина од минатата година е регистриран раст на вработеноста, бројот на невработени се намали, но продолжи да паѓа и бројноста на работната сила, иако со побавно темпо отколку во претходната година.

[Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини денеска во Владата ќе го потпишат договорот за надзор и правен трансакциск]

- Просечните бруто номинални плати во просек во 2024 година се зголемија за 12,9 отсто на годишно ниво, што е малку помалку отколку во 2023 година. Реалните плати веројатно ќе се зголемат и во 2025 година, главно поради континуираното спроведување на колективниот договор за плати од 2023 година за јавниот сектор и зголемувањето на минималната плата во март 2025 година, во услови на понатамошно опаѓање на инфлацијата, се посочува во пролетната прогноза на ЕК.

Во неа натаму се наведува дека македонскиот фискален буџетски дефицит во 2024 година изнесуваше 4,4 отсто од БДП, што беше под владините цели од 4,7 проценти.

- Дефицитот се очекува постепено да се намалува оваа и следната година, но фискалната консолидација ќе остане бавна. Не се предвидени мерки за зголемување на приходите, а плановите за собирање дополнителни приходи од формализација на неформалната економија и од подобрување на даночната администрација остануваат нејасни. Сепак, задолжителните расходи се зголемуваат, особено за платите и пензиите во јавниот сектор, се наведува во документот.

Комисијата предвидува и дека капиталните расходи во земјава постепено ќе се зголемуваат од 3 отсто од БДП во 2024 година на 5,7 проценти во 2026 година, првенствено поради доспевање на отплата на една еврообврзница, но и растот на трошоците за суверено задолжување и на расходите за камати.

Според ЕК, главни ризици по економскиот раст остануваат послабата домашна побарувачка од очекуваната и намалените изгледи за вработување поради високиот раст на платите, додека кога станува збор за инфраструктурните проекти од коридорите 8 и 10д, тие би можеле да се соочат со ризици при имплементацијата ако нема значителен напредок во подобрувањето на управувањето со јавните инвестиции.

- Сепак, од друга страна, структурните реформи, поттикнати од Планот за раст на ЕУ, би можеле да ги зголемат продуктивноста и растот, се заклучува во делот посветен на земјава во пролетната економска прогноза на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. 

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.

Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации.

Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон.

За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации.

Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс  ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. 

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер....

Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста.

За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе.

Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката.

Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење.

Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката.

Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Свои обраќања имаа претседателот на УМС Тодор Конески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Конференцијата ја следи Андијана Лазова Божиновска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

На денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија“, која се одржува во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода, свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски при што ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“ за интензивни посети на општинските комитети.

„Затоа ние излегуваме меѓу граѓаните и сакам да објавам нова активност одовде, од оваа сала, дека од овој викенд, следниот и во сите наредни до крајот на годината членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и јас лично, започнеме со интензивни посети на општинските и месните комитети на партијата. Ќе одиме од град во град, од населено место до населено место. Почнуваме кампања Очи в Очи за подобро“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека понекогаш најважните прашања не се поставуваат пред камера, туку тие се кажуваат тивко, на маса, меѓу луѓе што добро знаат колку е тешко, затоа што постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

„Тие мора да се слушнат директно од луѓето. Токму затоа треба да разговараме очи в очи. Без однапред определен одговор и без барање сите да бидат и да мислат исто. Ќе зборуваме за она што е завршено со датум, доказ и резултат. За започнатото со јасна фаза, цена и рок. И за она што мора да се подобри со разбирање за луѓето кои веќе предолго чекаат. Не за да слушнеме само пофалби. Не за да ја повторуваме веќе познатата слика. Туку за да разговараме и за она што функционира, но и за она што не функционира“, појасни Мицкоски.

Не ветуваме, додаде Мицкоски, дека еден разговор ќе реши сè, но секој сериозен разговор може да открие што недостига, кој е надлежен и што треба да се провери повторно.

„Довербата не е нешто што еднаш се добива и засекогаш се задржува. Таа се проверува секој ден, во одлуките што секојдневно се носат, во ветувањата што се исполнуваат, во проблемите што се решаваат, но и во оние што предолго остануваат нерешени. Нема напредок без вистина за состојбите, нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. Очи в очи за подобро и нема застанување. Од напролет на трибини меѓу целиот народ, од село во село, од град во град со народот заедно, рамо до рамо за подобра иднина, подобра иднина за младите“, порача Мицкоски од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На првата работа на која се осврна Конески се студентските домови, кои беа наследени во многу лоши услови со искршени прозори и тоалети, бојлери кои со месеци не работат, влага по ѕидовите и соби во кои студентите наместо да учат, се бореле со студот и инсектите.

„Тоа е минато! Студентскиот дом „Стив Наумов“ е целосно реновиран и денес 1.150 студенти живеат во услови достојни на европски студенти. По него следува „Кузман Јосифовски – Питу“, а тоа е само почеток. Планот ги опфаќа сите девет државни студентски домови, а за преостанатите седум се обезбедени околу 50 милиони евра. Ова не е проект за една година. Ова е одлука дека студентот во Македонија заслужува да живее достоинствено“, рече Конески.

Конески истакна дека вториот проект и мерка за младите се грантовите за млади претприемачи, каде што преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат финансиски средства.

„Со години младите во Македонија слушаа дека ако сакаат да успеат, треба да си го бараат својот пат надвор. Ние велиме спротивно: ако сакаш да успееш, твоето место е тука во Македонија. Затоа оваа година, преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат 10.000 евра неповратни средства за да го основаат својот бизнис. Тоа е порака од државата до младиот човек: веруваме во твоето знаење, веруваме во твојата идеја и веруваме дека иднината на Македонија е во твоите. Секој нов бизнис отворен од млад човек значи едно семејство помалку што ќе се раздели на аеродром, а едно ново работно место повеќе во нашите градови“, истакна Конески.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер