СветЕК: Трансформацијата на центрите за азиланти во Албанија е во согласност со правото на ЕУСпоред расположливите информации, најавеното законско решение на италијанската Влада за трансформација на центрите за азиланти во Албанија во „хабови за враќање“ е во согласност со правото на ЕУ.Според расположливите информации, најавеното законско решение на италијанската Влада за трансформација на центрите за азиланти во Албанија во „хабови за враќање“ е во согласност со правото на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт. - Ќе продолжиме да ја следиме имплементацијата на протоколот во неговата нова форма и ќе останеме во контакт со италијанските власти во врска со иновативни решенија, изјави Ламерт одговор на прашање за коментар на тврдењето на италијанската Влада дека Европската комисија „во основа“ го одобрила нејзиниот план за трансформација на овие центри во Албанија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Ламерт додаде дека Европската комисија е подготвена да ги разгледа сите нови предлози доколку тие се во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународното право и доколку со нив не се прекршуваат основните права. На прашање како тврди дека италијанската директива е во согласност со законодавството на Унијата, кога со неа се предвидува можност за префрлување на мигранти од Италија во трети земји без нивна согласност, што не е дозволено со европската правна регулатива, Ламберт одговори дека според информациите на EK, италијанскиот закон ќе важи само за префрлување во овие центри и „во принцип тоа е во согласност со правото на ЕУ“. - Центрите во Албанија се дел од постапката што се одвива пред да се изврши враќањето во земјата на потекло. Според информациите со кои располагаме, овие лица би имале решение за враќање од Италија и ќе бидат задржани (во Албанија) додека чекаат на спроведување на одлуката. Тоа е фундаментално различно од концептот на враќање, рече Ламберт. Според него, правната рамка на ЕУ дозволува отворање центри за враќање во трети земји врз основа на „детален меѓународен договор“, доколку тие држави ги почитуваат меѓународните стандарди за човекови права, вклучувајќи го и „принципот за невраќање“. На забелешката дека „правната рамка на ЕУ“ на која се повикува е само предлог, кој се уште не е усвоен, а дека според „информации од Еврокомисијата“, важечкото европско законодавство не дозволено префрлање на азилантите во трети земји, Ламерт одговори дека станува збор за различни работи. - Не знам од каде ви се тие информации. Се уште не е можно да се имплементира концептот на враќање затоа што тој треба да се усвои. Но, тоа е различно од она што го прави Италија во моментов, кога применува национално законодавство, додаде Ламерт.Тагови: азиланти Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна. - Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население. Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа. Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter