ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција - Канал 5

ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција

- Она што е најважно во моментов е потребата да се научат вистинските лекции од ова. Ќе се обидеме да преземеме мерки за да спречиме вакви ситуации во иднина, додаде Хрнчирова. 

ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција

Се уште ја чекаме целосна проценка за причините за вчерашниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија, но она што сега го знаеме дека е исклучена можноста за кибер напад, изјави главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.

- Засега немаме понатамошни коментари за тоа, истакна Пињо, додавајќи дека во оваа фаза Европската комисија се уште не е во позиција да извлече конкретни заклучоци за причините за прекинот на струја на Пиринејскиот Полуостров и се чека експертското мислење.

Според портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнчирова, во моментов се работи на целосно враќање на ситуацијата во Шпанија и Португалија во нормала, согласно утврдените протоколи.

- Она што е најважно во моментов е потребата да се научат вистинските лекции од ова. Ќе се обидеме да преземеме мерки за да спречиме вакви ситуации во иднина, додаде Хрнчирова.

Според неа, токму настани како овој беа причината поради која ЕК ја предложи Стратегијата на Унијата за подготвеност, со која се бара секоја земја членка на ЕУ да се подготви за реакции во случај на поплави, шумски пожари, природни катастрофи или за случаи како сегашното искуство во Португалија и Шпанија со толку големи прекини на електричната енергија.

- Затоа сме тука да ги поддржиме земјите членки и да ги дизајнираме овие стратегии. Стратегијата за подготвеност е за промена на начинот на размислување дека луѓето треба да се подготвени. Подобро е да се биде подготвен, отколку да се биде непријатно изненаден, потенцира Хрнчирова.

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

Во Украина утрово се урна воен авион Ф-16, а пилотот се катапултира и е во добра здравствена состојба, соопшти украинското военовоздухопловство.

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

- Според прелиминарните податоци … во авионот се случила невообичаена ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населени места и успешно се катапултира, објави украинското военовоздухопловство на Телеграм.

Исто така се додава падот на авионот не е последица на руски напад.

Украинската армија најави дека ќе формира комисија која ќе го истражува инцидентот.

Тоа е втор пад на авион Ф-16 откако Украина доби борбени авиони од сојузниците на САД минатата година, во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден. На крајот на август минатата година се урна Ф-16, а пилот загина.

Украина не открива колку борбени авиони добила од сојузниците./МИА

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 5. Striped Tale Animation Festival 2025, што се одржува од денеска до 18 мај во Тбилиси. 

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

-Фестивалскиот тим на својата веб-страница го опишува филмот со следниве зборови: „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. „Јон Вардар против Галаксијата“ нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух, вели режисерот.

Филмот на Цветановски, кој е поддржан од Агенцијата за филм, досега е селектиран на повеќе од десет фестивали, од кои пет се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. /МИА

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат.

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера наутро.

Таму ги пречекаа голем број граѓани кои ја поминаа ноќта блокирајќи го влезот во зградата.

На повик на студентите во блокада граѓаните останаа во блокадата на зградата во текот на целата ноќ, дежурни во смени.

Зградата каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата е блокирана бидејќи активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и неформалната студентска организација СТАВ се притворени до 30 дена.

Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, по продолжувањето на притворот по третпат, почна штрајк со глад, а вчера беше префрлена во болницата во Централниот затвор во Белград во тешка состојба.

Блокадата на судот и обвинителството продолжи со барањето за ослободување на сите притворени лица.

Граѓаните се повикани денеска да ја блокираат зградата и да не им дозволат на вработените да влезат во неа, откако вчера, со помош на полицискиот кордон, прво влегоа, а потоа си заминаа од работа.

притисни ентер