Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
СветЕК предлага намалување на горната граница на цената на руската нафта на 45 долари за барелЕвропската комисија предлага горната граница на цените на руската нафта да се намали од 60 на 45 долари за барел, соопшти претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа истакна дека целта е да се зголеми притисокот врз Русија поради отсуството на знаци за подготвеност за мир во Украина. Според Фон дер Лајен, една третина од рускиот буџет сè уште се состои од приходи од продажба на горива. Таа денеска предложи ЕУ да воведе забрана за увоз на производи од преработка на руска сурова нафта, како и забрана за трансакции со руски банки што се наоѓаат на европските санкциски списоци, при што дополнително 22 руски банки би биле додадени на овие списоци, а мерките би се применувале и за земји надвор од ЕУ. Комисијата, исто така, предлага забрана за сите трансакции поврзани со гасоводот „Северен тек“. - Нема враќање назад, предупреди Фон дер Лајен. Таа додаде дека Рускиот фонд за директни инвестиции, неговите подружници и проектите во развој треба да бидат опфатени со европските ограничувања. Фон дер Лајен појасни дека пред војната во Украина, ЕУ месечно купувала горива од Русија за 12 милијарди евра, а денес таа сума изнесува околу една милијарда евра. Таванот на цените на нафтата, кој е под пазарните, ќе биде дискутиран на самитот на Г7 во Канада во наредните денови. - Во контакт сме со САД во врска со санкциите и го споделуваме стремежот да ја натераме Русија сериозно да учествува во преговорите за праведен и траен мир, рече таа, додавајќи дека верува оти оваа цел ќе биде постигната. Фон дер Лајен нагласи дека војната мора да запре и дека Русија треба да се вклучи во преговори со сериозен предлог. - Целта на Русија не е мир, туку наметнување на правото на силата, рече таа, истакнувајќи дека и покрај дипломатските напори и предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на огнот, Русија продолжува да сее уништување и смрт. ЕУ замрзнала 210 милијарди евра од имотот на Руската централна банка, а европските санкции ја погодуваат руската економија, предизвикувајќи пад од речиси 80 проценти на приходите од продажба на горива и инфлација над 10 проценти. - Го зголемуваме притисокот, бидејќи Русија разбира само сила, заклучи Фон дер Лајен. Тагови: ЕК Фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда. Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ. Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот. Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите. Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси. Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ - СНС, партија во друга држава. Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси. По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери. По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање. Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница. Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители. Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ. Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ - тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму. Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик. СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома. Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
СветТрамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“. Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена. Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата. „Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска годинаСписоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот. Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter