Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветЕК покрена судски постапки против повеќе членки на ЕУ за неусогласеност со регулативиЕвропската комисија покрена постапки пред Судот на правдата на ЕУ против повеќе земји членки на Унијата поради неспроведување на нивните обврски согласно европските регулативи. Станува збор за постапки поврзани со различни сектори и области, кои имаат за цел да обезбедат адекватна примена на правото на ЕУ во корист на граѓаните и бизнисите. Со денешните одлуки, ЕК покрена постапка против Австрија поради нецелосно спроведување на европските норми во нејзините национални правила за спречување на големи несреќи поврзани со опасни материи, како и на одредбите од директивите на ЕУ за огнено оружје, за обновлива енергија и за изнајмени возила без возачи во товарниот транспорт. За неспроведување на последната Директива е обвинета и Германија, која уште ќе одговара и за неусогласеност на нејзините даночни правила за доброволните пензиски фондови со правото на ЕУ. Австрија и Германија, заедно со Италија се товарат и за нецелосна примена на Директивата за осигурување. Против Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Словачка и Унгарија се покренати постапки за неспроведување на обврските од Директивата за бучава, со која се регулира дозволеното ниво на бучава во градските средни и се предвидени мерки за заштита од неа и соодветно урбанистичко планирање. Бугарија, Естонија и Ирска, пак, ќе се најдат пред Судот за неправилна имплементација на правото на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата. Бугарија, исто така, ќе одговара и за неусогласеност на нејзиното национално законодавство со Директивата на ЕУ за правото на пристап до адвокат и комуницирање по апсењето, со правилата за европски електронски патарини и со Директивата за осигурување на моторни возила, а заедно со Шведска и за неусогласеност со судските процедури за европскиот налог за апсење. Грција и Малта, заедно со Луксембург, Словачка, Словенија и Шведска се обвинети за неадекватна имплементација на регулативите на ЕУ за пресумпција на невиност и за правото за присуство на судење, а заедно со Данска и Португалија и за невклучување на правилата за работното време во внатрешниот воден транспортот во нивните национални законодавства. Грција треба да одговара пред Судот на правдата и за неспроведување на неговата пресуда за услугите за вмрежување на податоци, а заедно со Кипар и за неусогласеност на нивните национални законодавства со Директивата за професионални квалификации на ЕУ. Кипар уште, заедно со Полска, Португалија и Шпанија ќе се најдат пред Судот на правдата поради тоа што не испратиле известување за имплементација на мерките поврзани со Директивата за обезбедување на глобално минимално ниво на оданочување на мултинационалните компании и големите домашни групации. Дополнително, Кипар заедно со Чешка и Португалија ќе одговара и за неусогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, а Данска и Шпанија за неимплементирање на правилата за внатрешна пловидба и за признавање на сертификати од трета земја. ЕК ја упати Естонија пред Судот на правдата и поради необезбедување ефикасен судски лек во случај на одбивање на барањата за издавање визи за престој, а Италија за неусогласеност на нејзиното законодавство за работните услови на почесните судии со правото на ЕУ, како и поради неспречување на злоупотребата на договорите за работа на определено време и на дискриминаторските услови за вработување. Летонија треба да одговара за неусогласување на нејзиното национално законодавство со правилата за заштита на животинските видови, Луксембург за непочитување на европските правила за слобода на основање на компании, а Малта и за необезбедување ефикасна помош за наплата на побарувањата од другите земји членки на ЕУ и за непочитување на европските регулативи поврзани со пристанишните работници. Португалија е тужена и за несоодветно складирање и третман на урбаните отпадни води, како и поради нецелосна примена на правилата за загадување од индустриски активности, а Романија дополнително се соочува и со постапка за нецелосно усогласување со Директивата за живеалишта на животинските видови, како и за ограничувања на цените, извозот и слободата на пазарот на електрична енергија и гас. Унгарија, пак, ќе се најде пред Судот поради неусогласеност на нејзиното законодавство со Директивата за ефективни и соодветни санкции за неовластен влез, транзит и престој во Унијата, како и поради нејзиниот Закон за одбрана на суверенитетот, кој според ЕК, е во спротивност со правото на ЕУ. Дополнително, Будимпешта е обвинета и за неусогласеност на нејзиниот даночен режим со членови од Договорот за функционирањето на Европската Унија, како и за неправилна имплементација на Директивата за транспарентност. За исто дело се товари и Словачка. Против Финска е покрената постапка поради неусогласеност со Рамковната директива за води, во делот на изработка на планови за заштита на реките и езерата, а Франција треба да одговара пред Судот за несоодветна имплементација на Директивата за пластика за еднократна употреба и на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија. За непочитување на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија е обвинета и Чешка, која уште треба да одговара и за неисполнување на обврски од Визниот кодекс на ЕУ во делот на процедурите и условите за издавање визи за краток престој, како и за неусогласеност со Директивата за расна еднаквост. Еврокомисијата покрена постапка против Шведска и поради нецелосна усогласеност со Директивата за вода за пиење, во делот на подобра заштита на човековото здравје преку подобрување на стандардите за квалитет на водата од чешмите. Шпанија ќе се најде пред Судот на правдата и поради тоа што не спречила злоупотреба на правилата за вработување на определено време, како и поради дискриминаторски услови за вработување во јавниот сектор. Покрај покренувањето на новите постапки, ЕК реши да затвори 133 случаи за кои пропустите се надминати од страна на земјите членки, без при тоа Комисијата да има потреба за спроведување на натамошни процедури. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter