3Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
СветЕК подготви Упатство за ублажување на онлајн ризиците по изборните процеси Со цел проверка на ефикасноста на мерките, ЕК планира кон крајот на април да спроведе стрес-тест со кој ќе бидат опфатени релевантните засегнати страни. Европската комисијата изработи Упатство со препорачани мерки наменети за „многу големите онлајн платформи“ со цел ублажување на системските ризици на интернетот што би можеле да влијаат врз интегритетот на изборните процеси, со посебни конкретни насоки за јунските избори за членови на Европскиот парламент. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), Европската комисија минатата година на веб страниците, социјалните мрежи, пребарувачите и сајтовите за е-трговија кои имаат повеќе од 45 милиони активни корисници во Унијата, им додели статус на „многу големите онлајн платформи“, со што тие имаат обврска да се придржуваат на низа правила, вклучително и да ги ублажат потенцијалните ризици поврзани со изборните процеси, притоа штитејќи ги основните права и правото на слобода на изразување. Според извршната потпретседателка на Еврокомисијата за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкуренција Маргрете Вестагер, целта на усвојувањето на Законот за дигитални услуги беше да се обезбеди дека модерните технологии работата во интерес на луѓето и на општествата. - Упатството дава конкретни препораки за онлајн платформите како да ја почитуваат оваа своја обврска во пракса, истакна Вестагер. Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, пак, оцени дека Упатството има за цел да обезбеди спречување на злоупотребата на интернет платформите за манипулација со изборите. - Со Законот за дигитални услуги, Европа стана првиот континент што има закон за справување со системските ризици на онлајн платформите кои можат да имаат негативни ефекти во реалниот свет и врз нашите демократски општества, додаде Бретон. Мерките во Упатството вклучуваат зајакнување на внатрешните процеси и правила на платформите за ублажување на ризиците специфични за изборите, вклучително и промоција на официјални информации за изборните процеси, поттикнување на медиумска писменост, намалување на виралноста на содржини што можат да го загрозат интегритетот на изборите, како и јасно посочување на платените политички реклами. Од платформите се бараат и конкретни мерки за намалување на ризиците од злоупотреба на вештачката интелигенција за политички цели, како и воспоставување на механизам за одговор на инциденти кои би можеле да имаат значително влијание врз исходот или излезноста на изборите. Дополнително на платформите им се препорачува соработка со институциите на ЕУ, националните власти, независни експерти и граѓански организации за да се поттикне ефикасна размена на информации пред, за време и по изборите, поврзани со обиди за манипулација, странско мешање, ширење дезинформации и загрозување на кибер безбедноста. Имајќи ја пред вид нивната единствена прекугранична и европска димензија, многу големите онлајн платформи треба да обезбедат доволно ресурси и мерки за ублажување на ризиците по изборниот процес, како и да воспостават тесна соработка со Работната група на Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) за следење на европските избори во 2024 година, посочува ЕК. - Специфичните мерки за ублажување што треба да ги преземе една многу голема онлајн платформа зависат од спецификите на нејзините услуги и профилот на ризик. Упатството претставува збир на најдобри практики за ублажување на ризиците поврзани со изборните процеси во овој момент. Многу големите онлајн платформи кои нема да го следат ова Упатство мора да и докажат на Комисијата дека мерките што тие ги презеле се подеднакво ефикасни во ублажувањето на ризиците. Доколку Комисијата добие информации кои предизвикуваат сомнеж околу соодветноста на таквите мерки, може да побара дополнителни информации или да започне формална постапка според Законот за дигитални услуги, наведува Еврокомисијата. Со цел проверка на ефикасноста на мерките, ЕК планира кон крајот на април да спроведе стрес-тест со кој ќе бидат опфатени релевантните засегнати страни. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаХоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработкаЗаштитата на реката Вардар и одржливото управување со водите мора да бидат долгорочен државен приоритет, а за тоа се потребни координирани институции, меѓусекторска соработка и обезбедено финансирање. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на отворањето на „Денови на Вардар 2026“, посветени на иднината на управувањето со сливот на реката Вардар. Хоџа посочи дека подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар е важен чекор, но нагласи дека вредноста на еден план се потврдува преку неговата реализација, а не само преку неговото усвојување. Во своето обраќање тој се осврна на напредокот во мониторингот, класификацијата на водните тела и идентификувањето на притисоците врз водите, што е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Но истакна дека управувањето со водите не може да биде одговорност само на едно министерство, бидејќи одлуките во земјоделството, енергетиката, индустријата и локалната самоуправа директно влијаат врз нивната состојба. „Водата не познава ресорски граници. Затоа, потребен ни е вистински меѓусекторски пристап, во кој институциите ќе дејствуваат координирано и ќе преземаат заедничка одговорност“, рече министерот. Осврнувајќи се на прекуграничниот карактер на сливот на Вардар, Хоџа ја истакна важноста на континуираната соработка со Косово и Грција, како и поддршката од Швајцарија во областа на животната средина. Тој го поздрави и придонесот на научната заедница и младите професионалци, нагласувајќи дека знаењето, искуството и иновациите се важен дел од решенијата. „Нашата цел не е само да подготвиме уште еден стратешки документ, туку да изградиме систем во кој одговорностите се јасни, институциите имаат капацитет да дејствуваат, средствата се обезбедени, а резултатите се мерливи и видливи. Тоа е нашата обврска кон граѓаните и идните генерации“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“Еден од најтрофејните фудбалски тренери во историјата, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше конкретно за Кристијано Роналдо и за начинот на кој тој ја заврши својата репрезентативна кариера. Тој тврди дека тоа мора да се поправи. Најплатениот свтески фудбалер, Кристијано Роналдо одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Тој влезе во конфликт со селекторот Жорже Жезус, откако од него било побарано на прес-конференција да изјави „дека е на нивото на Пеле и Марадона“ – нешто што тој одбил јавно да го каже. Поради сето ова, тој истакна дека не сака проштален натпревар, а Пеп Гвардиола смета дека тоа е голема грешка. „Фудбалската федерација на Португалија мора да се погрижи Кристијано Роналдо да добие соодветно испраќање. Двете страни мора да вложат напор и да најдат начин. Тој не смее да ја напушти репрезентацијата на ваков начин. Не смеат да дозволат да си замине така. Тој е значајна личност, не само за себе и за Португалија, туку и за генерации португалски фудбалери“, изјави Гвардиола во подкаст со Ромарио. Тој нагласува дека мора да постои некаков вид на благодарност за сè што Роналдо има направено. „Мораат да разберат дека Кристијано заслужил сам да одлучи како ќе продолжи понатаму. Треба да најдат решение за оваа ситуација и да ја поправат работата. Дали ќе го направат тоа или не, не е моја работа, но сметам дека мораат. Она што тој го постигна во светот на спортот заслужува поинаков крај.“ Сите се свесни дека Роналдо направи грешка со начинот на кој си замина и со инцидентите што ги предизвика. „Потребно е да се организира прослава на која тој ќе ја почувствува љубовта на своите сонародници, како и иницијатива со која ќе се испрати порака дека е време да се сврти нов лист. Неговата целокупна кариера не треба да се оценува врз основа на последниот месец или два, само затоа што дошло до несогласување или недоразбирање со одредени поединци. Станува збор за кариера полна со достигнувања, која заслужува да биде сочувана и одбранета. Големите играчи, кои биле на самиот врв во овој спорт, заслужуваат да си заминат достоинствено, низ главната врата.“ Потоа, славниот тренер појасни: „Прво, затоа што го заслужиле тоа – тие му дадоа сè на спортот, а фудбалот им должи такво признание. Второ, поради сите оние најмлади кои ги прават своите први чекори на фудбалскиот терен. За да можат и тие да сонуваат дека еден ден ќе ја завршат својата кариера исто како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Паоло Малдини, Ромарио или кој било друг великан од историјата. Така треба да биде“, заклучи Гвардиола.Тагови: Кристијано Роналдо Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаБелгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на МаскБелгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“. Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск. „Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа. 🔴 Belgium opens Europe's largest satellite factory; Iris2 production planned for end of 2028 Belgium's King Philippe inaugurated a satellite factory in Charleroi on Tuesday, run by Belgian firm Aerospacelab. The facility will produce satellites for the EU's Iris2 constellation, which aims to rival Starlink. Aerospacelab secured a €2.4 billion contract in September to manufacture 264 of the 348 satellites planned for Iris2. The factory has annual production capacity of roughly 500 satellites and spans approximately 20,000 square metres. — NewsTongue (@NewsTongueX) November 25, 2026 Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво. Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“. Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година. Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00