Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
2Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
3Мицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
ТехнологијаЕК побара информации за мерките за заштита на малолетници и од Мета и Снеп Европската комисија денеска испрати барања до Мета и Снеп да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ. Идентични барања, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК вчера упати и до ТикТок и Јутјуб. Еврокомисијата бара Мета и Снеп да и достават податоци за исполнување на обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за онлајн заштита на малолетниците, особено во однос на ризиците за нивното ментално и физичко здравје, како и за условите под кои малолетни лица можат да ги користат услугите на нивните платформи. Двете компании се обврзани да ги достават бараните информации до Комисијата најдоцна до 1 декември, по што врз основа на проценката на одговорите таа ќе донесе одлука за следните чекори. Доколку тие не одговорат на барањата или дадат неточни, нецелосни или погрешни информации, Европската комисија, согласно ДСА, може да им изрече казни. По прогласувањето на 19 социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија од страна на ЕК за „многу големи онлајн платформи“, меѓу кои се Фејсбук и Инстаграм на Мета и Снепчет на Снеп, тие се должни да се усогласат со целосниот сет на одредби од Законот за дигитални услуги, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржини, со негативните ефекти врз основните човекови права, вклучително и правата на децата и заштитата на малолетниците. Ова е второ барање од ЕК до Мета врз основа со ДСА, откако на 19 минатиот месец од платформата беше побарано да достави информации во врска со наводното ширење на терористичка и насилна содржина, говор на омраза и дезинформации. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДве недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска трескаМинистерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот. На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната. Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии. „А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски. Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причиниДиректорот на затворот Скопје Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник. На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок. Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаРезултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформиТри од четири деца тешко разбираат што читаат, ова е еден од погубниоте резултати од минатогодишноот истражување на ПИСА, што го вклучи алармот за ефектите од досега спроведените образовни реформи.. Новите ПИСА резултати повторно го вклучија алармот за македонското образование и го отворија старото прашање – зошто учениците тешко го применуваат она што го учат во училишните клупи? Експертите посочуваат дека надлежните итно треба да реагирааат за овие состојби а според нив причината не треба да се бара само на едно место, туку во целиот образовен систем – од наставните програми и квалитетот на наставата, до честите реформи кои ги спроведуваат министрите но и начинот на кој се проверува стекнатото знаење. Коментирајќи ги најновите податоци од меѓународното тестирање ПИСА, но и состојбите во образованието воопшто, професорката Викторија Кафеџиска вели дека резултатите на ПИСА се одраз и на пошироките состојби во општеството. -Кај нас постои една трка за оценки, тука е притисокот и врз наставниците, кој доаѓа од родителите и по секоја цена се бараат високи оценки. Нашите одделенија во просек ако ги земете, сите имаат висок просек над 4 над 5 зборувам, резултатите во самите одделенија. И сега ако се дозволи реалното оценување тука и наставникот и детето ќе се најдат некаде, дека треба да се подобри, дека треба нешто повеќе да се прави, оценува професорката. Кафеџиска лоцира уште еден проблем кој според неа можеби е најбитен кога станува збор образованието на младите. -Со вештачката интелигенција сега со што се е можно да направите, да пишувате есеи да решавате математика инт. Затоа треба да се најде некој баланс, меѓутоа овие резултати се поразителни – потенцира Кафеџиска. Професорката во пензија решението во проблемот го гледа во копирање на успешните решенија кои ги примениле земјите од ЕУ но и оние во регионот. -Можеби Србија, Словенија покажуваат за нијанса подобри резултати и тука ние можеби треба да ги бараме и решенијата, тоест да ги копираме. Ако тие навистина имаат подобри резултати, тука сме на Балканот па да ги копираме тие решенија бидеќи на многу пати досега сме копирале решенија од други – објаснува Кафеџиска. Од МОН вчера информираа дека резултатите од ПИСА повторно се многу лоши, а причините ги лоцираат во реформите и образовните политики од претходниот период. Оттаму велат дека ефектите од реформата што во моментов се спроведува во македонскиот образовен систем не можат да се очекуваат веднаш и дека првите позначајни резултати ќе бидат видливи за околу десет години. Последното тестирање ПИСА, кое не го проверува само наученото, туку и способноста на учениците да го применат знаењето и да решаваат проблеми во реални ситуации, покажа дека македонските ученици постигнуваат резултати под просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и природни науки, како и во делот на решавање проблеми во дигитална средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11