ЕК најави проверка на наводите за постоење унгарска шпионска мрежа во институциите на ЕУ - Канал 5

ЕК најави проверка на наводите за постоење унгарска шпионска мрежа во институциите на ЕУ

Европската комисија соопшти дека „многу сериозно“ ги сфаќа тврдењата за постоење унгарска разузнавачка мрежа која со години ги шпионирала институциите на ЕУ, најавувајќи формирање „интерна група“ за проверка на ваквите обвиненија. 

ЕК најави проверка на наводите за постоење унгарска шпионска мрежа во институциите на ЕУ

- Донесена е одлука дa се формира интерна група за да ги испита овие обвинувања, но таа се уште не е формирана. Работиме на тоа и нејзините параметри треба допрва да бидат дефинирани, изјави портпаролот на Европската комисија Балаж Ујвари.

Тој додаде дека ЕК „многу сериозно“ ги сфаќа овие обвинувања и со оглед на нивните импликации по безбедноста и интегритетот на работата, таа е решена да ги заштити својот персонал, информации и системи од нелегално собирање разузнавачки информации.

Неколку европски медиуми, меѓу кои и белгискиот „Тајд“, германскиот „Шпигел“ и австрискиот „Стандард“, објавија заедничка истражувачка сторија во која се тврди дека Унгарија веќе со години ги шпионира институциите на Европската Унија преку тајна мрежа на разузнавачки агенти.

Според наводите, ваквите активности се координирале преку Постојаната мисија на Унгарија при ЕУ, дури и во времето кога унгарски амбасадор во Унијата беше актуелниот еврокомесар Оливер Вархеји.

На новинарско прашање дали претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе побара објаснување од Вархеји во врска со ваквите наводи, главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо само кусо изјави дека таа „планира да го покрене ова прашање пред комесарот што е можно поскоро“.

Вчера и белгискиот европратеник Елио Ди Рупио побара формирање ад-хок комитет на Европскиот парламент кој би ги разгледал изнесените наводи во истражувачката сторија.

- Ако обвиненијата се покажат како точни, барам формирање истражен комитет, изјави Ди Рупио, кој доаѓа од редовите на белгиската Социјалистичка партија (ПС).

Тој оцени дека ако се потврдат наводите, тоа би бил еден од најголемите скандали во историјата на ЕУ и повторно би се докажало дека договорите на Европската Унија „не се прилагодени на реалноста“.

И белгиската европратеничка од редовите на Зелените, Сара Матије оцени дека случајот „мора да се истражи од корен“, при што особено треба да се провери улогата на Вархеји во сето тоа.

- Ако навистина бил активно вклучен во шпионажа, тој не може да остане на функцијата, изјави Матије, повикувајќи ја Фон дер Лајен да спроведе „независна истрага“ и доколку се потврдат наводите да има „строги последици“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со умерена локална облачност

Времето денес ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Денес сончево со умерена локална облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 17. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 17. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 17. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем.

Кариера

Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате.

Здравје и совет

Не треба да брзате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост.

Кариера

Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста.

Здравје и совет

Здравјето ви е одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно.

Кариера

Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси.

Здравје и совет

Некои ќе одат на козметичар.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално.

Кариера

во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите.

Здравје и совет

Обидете се да живеете поздраво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи.

Кариера

Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех.

Здравје и совет

Искористете ја својата брзина.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите.

Кариера

На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика или шетајте се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор.

Кариера

Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи.

Кариера

Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз.

Здравје и совет

Послушајте го мислењето на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите.

Кариера

Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите.

Здравје и совет

Внимавајте на настинка.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе продолжите да развивате добри односи со личности од спротивниот пол. Ќе бидете отворени и комуникативни.

Кариера

освен што ќе имате проблем со самостојната дејност , денеска ќе се покажете како одличен и љубезен соработник.

Здравје и совет

Ќе го споите убавото со корисното.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе треба малку поголемно внимание да и посветите на саканата личност. Помирете се со тоа дека не може се да биде по ваше.

Кариера

Денот не е добар за претставување нови инапредни идеи. Затоа воздржете се и работете го само она што е неопходно.

Здравје и совет

Минлив душевен немир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистина

Мишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. 

Во мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистина

Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја.

Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот.

Никој не ги известил властите

Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато.

Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN.

Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години!

Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар.

Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб.

„Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа.

„Бев без зборови од шок“

Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата.

Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња.

Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“.

Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник.

„Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа.

Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер