ЕК ќе почне нова анализа, дали ЕУ ќе го укине сезонското поместување на часовникот? - Канал 5

ЕК ќе почне нова анализа, дали ЕУ ќе го укине сезонското поместување на часовникот?

Европската комисија објави дека ќе започне нова анализа околу  укинувањето на сезонското поместување на времето, што претставува прв институционален чекор на оваа тема од 2019 година.

ЕК ќе почне нова анализа, дали ЕУ ќе го укине сезонското поместување на часовникот?

Одлуката е донесена по иницијатива на Полска , која е актуелен претседавач со советот на ЕУ, но и на барање на поединечни членови се очекува студијата да започне во 2025 година“, изјави европскиот комесар Апостолос Цицикостас во писмен одговор на пратеничко прашање.

Уште во 2019 година, европскиот парламент усвои предлог за укинување на практиката на поместување на часовникот двапати годишно, но законот не стапи на сила бидејќи не беше постигнат договор. Главната дилема и натаму е дали трајно да се остане на зимско или летно сметање на времето.

Студијата што ќе се спроведе треба да ги испита сите последици и изводливоста на секоја промена. Нејзините резултати би можеле да влијаат на продолжувањето на законодавниот процес, а прелиминарните наоди се очекуваат најрано во 2026 година

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале.

По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај.

Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација.

Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта.

Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. 

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции.

„Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“.

Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер