ЕК ја тужи Бугарија поради загадениот воздух и недостатокот на соодветни мерки

Максималните дозволени вредности за честичките прашина не се бележат постојано во земјата, се наведува во тужбата.

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба пред Судот на правдата на ЕУ против Бугарија затоа што земјата не обезбедила целосна имплементација на одлуката на Европскиот суд од 5 април 2017 година.

Судската одлука тогаш утврдила дека Бугарија не ги исполнила своите обврски согласно европското законодавство за квалитетот на воздухот. Максималните дозволени вредности за (ПМ10) честичките не се забележани во Бугарија и не се преземени соодветни мерки за намалување на загадувањето, се вели во соопштението на Комисијата.

Тужбата може да доведе до изрекување парични казни за време од првата одлука на судот и за време од втората одлука, за да се обезбеди целосна усогласеност со барањата, соопштила ЕК. За да се спроведе одлуката, се очекувало бугарската страна да ги донесе и да ги спроведе мерките. Податоците презентирани од Бугарија за 2015-2019 година потврдуваат дека упорното непочитување утврдено од судот продолжува, се вели во соопштението.

Повеќе од три години по одлуката, Бугарија сè уште не обезбедила усогласеност со граничните вредности утврдени со европските правила во сите области за следење на квалитетот на воздухот. Досега постигнатите резултати се незадоволителни, бидејќи Бугарија сè уште не започнала да ги реализира мерките на терен за да се обезбеди усогласеност со граничните вредности. Бугарија објавила дека повеќето мерки се подготвуваат или ќе стапат на сила во 2024 година.

Во Бугарија има некои од најголемите надминувања на годишните и дневните гранични вредности за PM10 во ЕУ, што резултира со опасност по здравјето. Надминувањата на дневните гранични вредности се особено големи - тие се забележуваат во 90 дена преку годината, т.е. повеќе од 2,5 пати повеќе од дозволеното според правилата, објасни Комисијата, пишуваат бугарските медиуми.

Дневен хороскоп за 19. март 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 19. март 2024 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Цврсто стоите на земја.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци.

Здравје и совет

Успешно се справувате со уморот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни.

Здравје и совет

Ќе се засили вашата смисла за хумор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво.

Кариера

Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Немате смисол за хиерархија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол.

Кариера

Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи.

Здравје и совет

Стабилни сте и цврсти.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе.

Кариера

Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска.

Кариера

Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано.

Здравје и совет

Поминете го слободното време со пријателите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и издржете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време.

Кариера

Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака.

Кариера

Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски.

Кариера

На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Ќе бидете весели.

Најдобрите модни изданија на Меланија Трамп

Модна икона која дамите сакаат да ја копираат...

Сопругата на Доналд Трамп отсекогаш важела за дама чијшто моден избор заслужува аплауз.

За време на престојот во Белата куќа, Меланија Трамп стана позната по своите елегантни и софистицирани модни изданија. Како поранешен модел, Меланија отсекогаш привлекувала внимание со својот моден избор, а како прва дама на Соединетите Американски Држави, нејзиниот стил беше уште повеќе во фокусот на јавноста.

Нејзиниот совршен син фустан во комбинација со долгите ракавици во истата боја на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во јануари 2017 година, ќе се памети уште долго.

Меланија својот европски шарм и софистицираност ги донесе во Белата куќа.

Изборот на нејзината гардероба беше внимателно следен, а многу нејзини модни изданија беа копирани.

За време на мандатот на нејзиниот сопруг, Меланија носеше креации на бројни светски модни брендови, од „D&G“ до „Шанел“, но исто така поддржуваше и помалку познати дизајнери. Често се зборуваше дека по Џеки Кенеди, сопругата на Доналд Трамп е најдобро облечена прва дама на САД, но имаше и такви кои изјавија дека убавата Меланија сепак ја надминала Џеки Кенеди во тој сегмент.

Меланија вешто си поигрува со стиловите и неофицијално е позната како икона на софистицираниот стил. Покрај фустаните од сите должини, таа носи панталони и здолништа, а модниот додаток од кој ретко се откажува е ременот. Предност дава на широките ремени кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно витка линија.

Исто така, треба да се спомене и нејзината љубов кон капутите, особено оние во светли бои. Чевлите со високи потпетици речиси секогаш се дел од нејзиниот моден избор, иако убавата Словенка остава впечаток и кога ќе се појави во опуштена облека во неформални ситуации, на пример, патики во комбинација со фармерки и карирана кошула.

Поранешната прва дама води сметка и кога е во прашање изборот на фустани. Секој модел што го носи зрачи со елеганција и таа му дава свој личен печат. Нејзиниот изглед во гламурозниот црвен фустан „Живанши“, што го носеше на средбата со членовите на кралското семејство, ќе се памети уште долго. Во таа прилика, нејзиниот сопруг, исто како и кралот Чарлс Трети, носеше смокинг, додека сопругата на кралот Камила беше облечена во свечен бел фустан.

Дека Меланија не бега од црвената боја, доказ е и црвениот фустан до над колена со интересни ракави. Тешко е да се одлучи која од овие две креации подобро ѝ прилега.

Иако Меланија Трамп ја напушти Белата куќа, нејзиното влијание како модна икона сè уште трае. Нејзиниот софистициран и храбар моден стил го одбележа нејзиниот престој во Белата куќа и влијаеше врз идните генерации жени кои ја ценат елеганцијата и оставаат свој личен печат на сè што носат.

притисни ентер