Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
2Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
БалканЕК ја носи Бугарија на суд поради ограничувањата за времено обезбедување социјални услугиЕвропската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската унија поради бугарскиот закон за социјални услуги.Европската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската унија поради бугарскиот закон за социјални услуги, кој одредува максимално времетраење од шест месеци за обезбедување на времени социјални услуги Бугарскиот закон за социјални услуги е во спротивност со европското законодавство, објаснуваат од ЕК. Земјите од ЕУ не можат да постават максимален временски рок за привремени услуги. Концептот на привремено давање услуги се заснова на неколку различни индикатори, како што се времетраењето, редовноста, периодичноста или континуитетот на услугите. Државите не можат да бараат од економските оператори да основаат деловно место на нивната територија заради услуги, се додава во соопштението. Во јули 2019 година, ЕК испрати прво официјално писмо за известување, проследено со образложено мислење во јули 2020 година. Бугарија го призна прекршувањето во 2020 година, но не презеде ништо за да се усогласи. Бидејќи Бугарија и понатаму ги прекршува правилата на ЕУ, комисијата одлучи да го поднесе предметот до Судот на правдата на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕшерихија коли откриена во морето кај КорчулаВо екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската водаВо екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти. Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност. Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден. Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканКолоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домовиКолоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи. Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа. Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови. Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна. Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот. Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“. Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата. Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна неделаТоплотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Тагови: топлотен бран УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook