ЕК го поздрави договорот за Директивата на ЕУ за квалитет на амбиенталниот воздух - Канал 5

ЕК го поздрави договорот за Директивата на ЕУ за квалитет на амбиенталниот воздух

Откако ќе биде усвоен, новиот закон ќе ги постави стандардите за квалитет на воздухот во ЕУ за 2030 година согласно глобалните препораки на Светската здравствена организација (СЗО). 

ЕК го поздрави договорот за Директивата на ЕУ за квалитет на амбиенталниот воздух

Европската комисија денеска го поздрави привремениот политички договор постигнат доцна синоќа меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ за ревизија на Директива за квалитет на амбиенталниот воздух, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Откако ќе биде усвоен, новиот закон ќе ги постави стандардите за квалитет на воздухот во ЕУ за 2030 година согласно глобалните препораки на Светската здравствена организација (СЗО). Ова е важен чекор за подобро да го заштитиме нашето здравје и да одиме напред на патот кон нулто ниво на загадување на нашата животна средина до 2050 година, соопшти Еврокомисијата.

Со ревидираната Директива за квалитет на амбиенталниот воздух, годишната дозволена максимална вредност за ситните честички ПМ2,5 е намалена за повеќе од половина, со што ЕУ ќе се продолжи по патот да постигнување нулто ниво на загадување на воздухот најдоцна до 2050 година согласно заложбите за климатска неутралност.

- Националните и локалните власти ќе одредат конкретни мерки што ќе треба да ги преземат за исполнување на стандардите. Во исто време, значаен придонес во тој правец ќе дадат постојните и новите политики на ЕУ за животната средина, енергетиката, транспортот, земјоделството, истражувањето, развојот и други области, посочува ЕК.

Според Комисијата со овие измени, лицата кои се соочуваат со здравствени проблеми поради загадениот воздух ќе имаат право да бидат обесштетени во случај на кршење на правилата за квалитет на воздухот на ЕУ. Со измените, исто така, се обезбедува поголема јасност за можностите за пристапот до правдата, ефикасни казни и подобри јавни информации за квалитетот на воздухот.

Министерот за климатски промени, животна средина, енергија и партиципативна демократија во Владата на Регионот на Брисел, Ален Марон, со овие измени ќе се придонесе за постигнување на амбицијата на ЕУ за нулто ниво на загадување до 2050 година и ќе се покаже дека здравјето на европските граѓани е приоритет на Унијата.

- Новите правила драстично ќе го подобрат квалитетот на воздухот што ние го дишеме и ни помагаме ефикасно да се справиме со загадувањето на воздухот, со што ќе се намалат предвремените смртни случаи и ризиците поврзани со здравјето, додаде Марон.

Со новите правила, максималните годишни вредности на честичките ПМ2,5 треба да се намалат од 25 на 10 микрограми на кубен метар, а на азот диоксидот од 40 на 20 микрограми на кубен метар. Дополнително се предвидува и намалување на максималните дозволени вредности на ПМ10 честичките, како и на сулфур диоксидот, бензопиренот, арсенот, оловото и никелот.

Договорениот текст на директивата сега треба да биде одобрен и од Европскиот парламент и Советот на ЕУ. По нејзиното усвојување, таа ќе биде објавена на Службениот весник на ЕУ и ќе стапи во сила 20 дена подоцна.

[Емисијата на јаглерод диоксид во текот на оваа година ќе се намали за околу 2,6 милијарди тони, што претставува шест пати поголем пад отколку по светската економска криза во 2008-09 година и]

Европската комисија ги предложи измените на Директива за квалитет на амбиенталниот воздух во октомври 2022 година, врз основа на заложбите за нулто ниво на загадување утврдени со Европскиот зелен договор.

- Загадувањето на воздухот е најголемата еколошка закана за здравјето и водечка причина за хронични болести, вклучувајќи мозочен удар, рак и дијабетес. Загадувањето на воздухот и понатаму е еколошка причина број еден за предвремена смрт во ЕУ. Во овој поглед, најлоши загадувачи се ПМ честичките, азот диоксидот и озонот, посочува Европската комисија.

Според официјалните податоци, како последица на загадувањето на воздухот во ЕУ се регистрираат околу 300.000 предвремени смртни случаи годишно и се развиваат значителен број незаразни болести, како што се астма, кардиоваскуларни проблеми и рак на белите дробови.

- Загадениот воздух и штети на животната средина предизвикувајќи киселост, еутрофикација и оштетување на шумите, екосистемите и земјоделските култури. Денес, еутрофикацијата ги надминува критичните оптоварувања во две третини од екосистемските области низ ЕУ, што има значително влијание врз биолошката разновидност и услугите врз сите, посочува Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Мицкоски вели дека буџетот ќе им биде предизвик наредните две години. Треба да вратат долгови и камати, да го финансираат дефицитот и капиталните инвестиции. 

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

За долговите знаеме, ги гледаме секојдневно, растат. За капиталните инвестиции не знаеме бидејќи ги нема, освен ако не мисли на криминалните тендери. Тоа се „капитални инвестиции“ ама за нивните џебови.

Како не враќа долгови, кога ја задолжи земјата за 4 милијарди за само две години? Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Секоја недела ново задолжување. Буџетот е пресипување од шупливо во празно.

Она што Мицкоски треба да им одговори на граѓаните е: како може буџетот да биде предизвик кога сме трета економија во Европа? Како може да нема пари кога платите растат најбрзо во регионот, пензиите се зголемуваат со рекордно темпо, а земјата е најдобра во туризам и авиосообраќај, а бензинот и дизелот, како што вели, буквално се џабе?

Поскапува цената на парното, наскоро и на струјата. Како кога статистиката зборува, а Мицкоски црта на табла.

Рече бројките се „немилосрдни“. Да, покажуваат празни џебови и фрижидери. Граѓаните едвај крпат крај со крај. Тоа е статистика и тоа се тие немилосрдни бројки што граѓаните ги гледаат секојдневно.

Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери.

За пензии кратите, има дупка во ПИОМ од 1 милијарди евра. Вториот столб се обидувате да го национализирате без да ги известите граѓаните. Минималната плата не ја кренавте.

Кошничката е над 70.000 денари, со кирија за стан надминува 90.000 денари. ММФ не става на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител.

Тоа е реалност, а останатото се бајки на Мицкоски и неговата организирана криминална група.

Сега признавате дека буџетот е предизвик. Кога ќе снема пари за вашата пљачка, ќе барате избори. Граѓаните веќе знаат дека бајките не држат.

Држава, не банда, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежливо време со температура до 12 степени

Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините снег, соопштуваат од УХМР.

Врнежливо време со температура до 12 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

6 Тетово, 7 Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид, 8 Битола, 9 Виница, Демир Капија, 10 Струмица.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

27 Охрид, 19 Демир Капија, 17 Битола, 15 Берово, 11 Струмица, Крива Паланка, 9 Виница, 6 Тетово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 28. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер