ЕК го објави нацрт-извештајот за кластер 1:Македонија „делумно“ подготвена за членство во ЕУ

Генералната оценка за Македонија според нацрт извештајот од скринингот за кластер 1 „фуднаментални вредности“ е дека Македонија е умерено подготвена за членство – вели Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европски политики. 

Со неа разговараше Катерина Капкоска.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Пожарникарите од Виница во 2024 година имале 112 интервенции

Пожарникарите од Виница во 2024 година имале 112 интервенции, проценетата штета е над 620 илјади денари.

Вкупно 112 интервенции за гаснење пожари имала Територијалната противпожарна единица од Виница во текот на 2024 година, што е за една четвртина повеќе во споредба со претходниот едногодишен период.

Најголем број од интервенциите, вкупно 83, биле кај пожари на отворен простор, при што била опожарена површина од 167 хектари, што е за над 50 отсто повеќе споредено со 2023 година. Во 13 случаи се интервенирало кај запалени објекти, четири излегувања на терен биле за гаснење пожари кај моторни возила, а останатите пет се друг вид интервенции.

-Лани од пожарите е предизвикана материјална штета што се проценува на вкупен износ од над 620 илјади денари, што е далеку пониска вредност во споредба со 2023 година. Причина за избувнување на огнената стихија кај 101 интервенција е човечко невнимание, кај 7 интервенции имаше спој на електричната инсталација и неисправност на електрични броила, а два пати интервениравме кај запалени оџаци. Во текот на минатата година спроведовме пет превентивни активности за заштита од пожари, односно предавања во училиштата и фирмите, како и заеднички практични вежби во стопанските субјекти, истакна Виктор Димитров, командир на ТППЕ – Виница.

Покрај гаснењето пожари, пожарникарите од Виница имале и 14 други интервенции, од кои седум биле кај сообраќајни несреќи во кои во два одделни случаја имало по едно загинато лице.

Освен со интервенции на територијата на општината, виничките пожарникари во текот на минатата година во седум случаи со опрема и кадар им помагале и на своите колеги од Кочани, Берово и Свети Николе.

Инфантино: Германскиот фудбал е пример на глобално ниво

 Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, го пофали германскиот фудбал за неговиот целокупен имиџ и го опиша како пример во светот.

Во говорот по повод одбележувањето на 125-годишнината од Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на гала вечерта во Лајпциг, Инфантино рече: „Германија направи толку многу за фудбалот! Германија брилијантно организираше толку многу големи турнири, создаде „толку многу легенди“.

Истакна дека ДФБ го направи она за што ФИФА се стреми на својот главен пат: „Да се ​​обедини светот на ист начин како што Германија создаде дух на обединување“.

Тој потоа додаде дека „светот на спортот секогаш гледа кон Германија, од која секогаш може да се научи нешто ново“.

Односите меѓу Германскиот фудбалски сојуз и Швајцарецот, кој ја презеде ФИФА од Сеп Блатер, долго време се сметаа за доста тензични и затегнати.

Непосредно пред почетокот на Светското првенство во 2022 година, германските фудбалски шефови ја критикуваа ФИФА поради недостигот на одговор на тековните прекршувања на човековите права во земјата домаќин, Катар.

Потоа, кога беше реизбран за претседател на Светското седиште, гласот на Германија не беше за него. Доделувањето на домаќинот на СП 2034 на Саудиска Арабија, за кое Инфантино активно и неуморно лобираше, исто така не беше поддржано од Германија.

Инфантино на прославата на германскиот фудбал пристигна директно од САД, каде што беше гостин на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој влезе во вториот мандат. На состаноците по церемонијата, Инфантино му се заблагодари на американскиот претседател за поддршката за Светското првенство, кое следната година ќе се одржи низ Северна Америка.

СДСМ: Лефков, засрами се – на душа ќе ги носите луѓето од Онкологија!

Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат, дури и во моменти кога луѓе умираат без терапија, а животите на пациентите се загрозени поради нивната неспособност.

Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ

Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат, дури и во моменти кога луѓе умираат без терапија, а животите на пациентите се загрозени поради нивната неспособност.

Наместо да ги наведнат главите, да се фатат за работа и да свикаат итен кризен штаб за да ја решат состојбата, тие измислуваат лаги и го обвинуваат Филипче за своите неуспеси.

Со донации ќе купуваат лекови, тоа е решението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова само потврдува дека станува збор за луѓе без грам одговорност и човечност, без трошка лидерство и грижа за граѓаните. Единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа и рејтингот, а не како да помогнат на пациентите и да го решат проблемот.

Лефков, ти и твоите наредбодавачи, заедно со министерот за здравство кој десет дена се шета во Америка, нема да ги излажете ниту луѓето, ниту пациентите.

Вие ќе ги носите на душа сите кои сега страдаат и го ризикуваат здравјето и сте 100% одговорни за оваа состојба – никој друг!

Имајте малку човечност и малку одговорност барем во овие моменти и на овие теми. Зафатете се со проблемите и сфатете дека сте на власт! Не е опозицијата виновна за состојбите кои вие ги создавате.

Веќе помина цела година во оправдувања и обвинувања, но факт е дека сте елементарно неспособни да управувате со државата и институциите.

СДСМ

притисни ентер