ЖивотЕК достави „Изјава за приговор“ на влезот на „Луфтаханза“ во „ИТА Ервејс“ „Луфтханза“ и „ИТА Ервејс“ управуваат со широка мрежа на линии од нивните центри во Австрија, Белгија, Германија, Швајцарија и Италија. Европската комисија денеска соопшти дека доставила „Изјава за приговор“ до германската авиокомпанија „Луфтаханза“ и италијанското Министерство за економија и финансии со која ги информира дека смета оти нивната планирана заедничка контрола над авиопревозникот „ИТА Ервејс“ може „да ја ограничи конкурентноста на одредени летови на пазарот за услуги за воздушен транспорт на патници во и надвор од Италија“. Италијанското Министерството во моментов е единствен акционер во „ИТА Ервејс“ во име на Владата на Италија, а со планираниот договор се предвидува влез на „Луфтханза“ во сопственичката структура на италијанскиот државен авиопревозник. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Комисијата изразува загриженост дека поради ваквата трансакција патниците може да се соочат со зголемени цени или намален квалитет на услугите. Вкупниот годишен приход од летовите кои би биле засегнати со оваа трансакции е околу три милијарди евра. Според Комисијата, ваквата аквизиција би можела да ја намали конкурентноста на некои линии на кратки релации од италијанските аеродроми до земјите во Централна Европа и на долги линии од Италија до САД, Канада и Јапонија, како и да ја зајакне доминантната позиција на „ИТА Ервејс’ на миланскиот аеродром, што би можело да им отежне на конкурентите да обезбедуваат услуги за патнички авиотранспорт од и до Милано. „Изјавата за приговори“ е формален чекор во рамки на истражна постапка, со што Комисијата писмено ги известува засегнатите компании за нејзините забелешки на најавена трансакција. Испраќањето „Изјава за приговори“ не го прејудицира исходот од истрагата. „Луфтханза“ и италијанското Министерство сега имаат можност да одговорат на „Изјавата за приговори“ на Комисијата, како и да побараат усна расправа по забелешките. Тие, исто така, можат да предложат правни инструменти за надминување на проблемите со конкуренцијата идентификувани од страна Комисијата најдоцна до 26 април 2024 година. Европската комисија кон крајот на јануари започна истрага за проверка на усогласеноста на ова спојување со Регулативата за здружување на ЕУ. „Луфтханза“ и „ИТА Ервејс“ управуваат со широка мрежа на линии од нивните центри во Австрија, Белгија, Германија, Швајцарија и Италија. „Луфтханза“ има заеднички инвестиции со „Јунајтед Ерлајнс“ и „Ер Канада“ за трансатлантските линии, како и со „Ол Нипон Ервејс“ за летови до Јапонија. Партнерите во заедничкото вложување се координираат за цената, капацитетот, распоредот и приходите од акциите. На одредени такви линии, „Луфтханза“ и „ИТА Ервејс“ се директни ривали со ограничена конкуренција, првенствено од нискобуџетните авиопревозници, како што е „Рајанер“, кои најчесто оперираат од пооддалечени аеродроми. „ИТА Ервејс“ е формирана од страна на италијанската држава во октомври 2020 година, како авиокомпанија за домашен и меѓународен патнички и карго воздушен транспорт. Компанијата е членка на авиоалијансата „СкајТим“ и нејзини главни центри се Рим и Милано. Германската „Луфтханза“ е глобален превозник на домашни и меѓународни летови во патничкиот и товарниот транспорт, со центри во Франкфурт, Минхен, Цирих, Виена и Брисел. Нејзини подружници се авикомпаниите „Аустриан Ерлајнс“, „Брисел Ерлајнс“, „Јуровингс“, „Свис Интернешанл Ерлајнс“ и „Ер Доломити“. „Луфтханза“ е членка на групацијата „Стар Алијанс“ заедно со „Јунајтед Ерлајнс“ и „Ер Канада“. Еврокомисијата треба да ја заврши истрагата најдоцна до 6 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПадна продажбата на Мерцедеси- што е причината? Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила.Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила, под притисок од неповолните пазарни услови и слабата побарувачка во Кина, соопшти денес компанијата со седиште во Штутгарт. Продажбата во Кина, еден од клучните пазари на германскиот производител на луксузни автомобили, се намали за 31 процент на 86.800 возила, објави „Ројтерс“. Резултатот во Кина беше значително полош отколку на другите големи пазари, бидејќи продажбата во САД се зголеми за 6 проценти, додека во Европа се зголеми за 5 проценти. Премиум сегментот беше особено силно погоден, при што продажбата се намали за 21 процент на 53.900 возила во третиот квартал. „Мерцедес-Бенц“ соопшти дека резултатот е под влијание на послабите пазарни услови во Кина, како и промените на моделите. Спротивно на тоа, продажбата на целосно електрични возила продолжи силно да расте. Продажбата на електрични возила на батерии (BEV), кои вклучуваат автомобили и комбиња, се зголеми за 52 проценти на 78.100. Слабоста на кинескиот пазар претставува посебен предизвик за европските производители на луксузни автомобили, кои се соочуваат со променливи потрошувачки навики и силна локална конкуренција, јавуваат медиумите.Тагови: Мерцедес-Бенц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)Јакната на Мајкл Џексон од музичкото видео „Трилер“ би можела да достигне цена од повеќе од 10 милиони долари на претстојната аукција во Обединетите Арапски Емирати, објавува „Шпигел“.Црвената кожна јакна беше продадена на аукција во 2011 година за 1,8 милиони долари, а нејзината вредност за следната аукција во декември е значително поголема. Огромниот успех на филмот „Мајкл“ Некои други предмети поврзани со починатиот музичар ќе бидат продадени на аукција во Абу Даби на крајот од годината. Кариерата на Џексон долго време беше проследена со обвинувања за злоупотреба на деца, а оваа година, биографскиот филм „Мајкл“ постигна огромен успех, објавува германскиот весник. Тоа е една од причините зошто, околу 17 години по смртта на Мајкл Џексон, едно од најпознатите парчиња облека во историјата на поп-музиката би можело да достигне рекордна цена. Американската аукциска куќа „Џулиенс аукшнс“ објави дека проценетата вредност на јакната надминува 10 милиони долари. Други предмети на аукција Црвена јакна од телешка кожа со црни детали и V-форма на линијата преку градите е дизајнирана од сопругата на режисерот Џон Лендис, Дебора Лендис. Покрај јакната, на аукција ќе бидат понудени и други предмети што потсетуваат на Џексон. Тука е и ракавица со светки што ја носел за време на неговата позната „Месечева прошетка“ до „Били Џин“ на Мотаун Гала во 1983 година. Последен пат беше продадена на аукција во ноември 2009 година за рекордни 430.000 долари, на бизнисмен од Хонг Конг. Аукциската куќа сега ја проценува нејзината вредност на 800.000 долари. Дополнително, на продажба се нудат и два пара црни кожни чевли на пејачот, проценети помеѓу 60.000 и 80.000 долари, додека вредноста на неговите влечки од видеото „Трилер“ се проценува помеѓу 30.000 и 50.000 долари.Тагови: Мајкл Џексон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми, со повеќе од 12.000 поднесени барања во првите осум месеци од оваа година, според бројките од Федералната канцеларија за семејни работи и граѓанско општество (BAFzA).Вкупно 12.102 барања се примени помеѓу јануари и крајот на август, објавија медиумските групи Funke и RND, повикувајќи се на портпаролка на институцијата, според новинската агенција DPA. Тоа е повеќе од три пати повеќе од 3.879 барања поднесени во целата 2025 година. Бројот на барања, исто така, нагло се зголеми во последните месеци, повеќе од двојно од 5.862 на крајот на јуни. Bis August 2026 sind mehr als dreimal so viele Anträge auf Kriegsdienstverweigerung eingegangen wie 2025. Doch auch die Zahl der Bewerbungen und Einstellungen wächst. https://t.co/IuJqkn2ylj — DIE ZEIT (@zeitonline) October 5, 2026 Наглото зголемување доаѓа во време на зголемени безбедносни загрижености и откако новиот закон за воена служба во Германија стапи на сила на 1 јануари. Тој се заснова на задолжителен медицински преглед за млади Германци родени во 2008 година и подоцна, со цел регрутирање волонтери за проширување на вооружените сили. Доколку не се исполнат целите за регрутирање, парламентот може да одлучи да воведе регрутирање врз основа на потребите на војската. Задолжителната воена служба е суспендирана од 2011 година, но сè уште постои како уставна одредба во Основниот закон на Германија. Правото на одбивање на извршување вооружена воена служба врз основа на приговор на совеста, исто така, останува на сила. Агенцијата соопшти дека евидентира голем број погрешно поднесени апликации кои не можеле да бидат прифатени и морале да им бидат вратени на подносителите на барањето без обработка. Ова го обвини за повторени дезинформации, вклучително и оние што се ширеле на социјалните медиуми, за тоа како треба да се поднесуваат апликациите и што треба да содржат.Тагови: војска Германци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook